Тим за трансплантација во кој учествуваше кардиохирургот од Прилеп, Петар Ристески, доктор во Универзитетската клиника во Цирих, Швајцарија, со која раководи д-р Омер Џемаили од Теарце, успешно вгради донорско срце на тешко болен пациент кое било надвор од човечко тело повеќе од шест часа.
Ова е прва ваква трансплантација, во која времето на кое органот може да издржи надвор од човековото тело е пролонгирано на 12 часа со специјален систем за нега на органи, додека досега едно срце на мраз можеше максимално да издржи транспорт со голем ризик на оштетување до 4 часа.
Репортажата за овој несeкојдневен медицински подвиг ја пренесе реномираниот циришки неделник „SonntagsZeitung“, кој ги пратеше докторите од подигнувањето на срцето во Шведска преку транспортирњето низ Европа до Швајцарија, каде успешно беше завршена трансплантацијата.