Македонскиот ланец Стокомак наскоро ќе влезе и на српскиот пазар, пишува порталот Retail Serbia, пренесе Б92.
Како што пишува во српските медиуми, еден од најголемите македонски дисконтни синџири, Стокомак, планира да влезе на српскиот пазар и има основано седиште за Србија во Ниш, а неодамна купи и интернет домен за српскиот пазар, наведува порталот.
Како што се наведува, се уште нема официјални информации кога Стокомак би можел да ги отвори своите први маркети и во кои градови.
На 5 октомври, Стокомак го отвори својот најмодерен објект во Македонија, лоциран во Куманово. Модерната продавница се простира на повеќе од 1.000 квадратни метри и на клиентите им нуди широк асортиман од околу 1.600 прехранбени и непрехранбени производи.
Компанијата Стокомак е основана во 1997 година и денес е една од најголемите македонски трговски групи со вкупно 73 објекти низ Македонија.