„Беломорски клуб читална“, Здружението на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија, одбележа една година од своето работење. На настанот покрај основачите и членовите на клубот, присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски, министри и претставници од повеќе министерства, градоначалници…
Основачите и членовите изразија голема благодарност до Владата, за како што рекоа поддршка и помошта која изминативе години ја добиваат, а во таа чест на премиерот Христијан Мицкоски му беше доделена и благодарница.
Целта на отворањето на клубот, како што беше посочено на денешниот настан била една, а тоа е да се одржи отворено прашањето на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија, а на најмладите да им се пренесе љубовта кон татковината.
И овој пат во 21 век се обединивме и го поразивме тоа што 7 години го тероризираше македонскиот идентитет и народ. Денеска е во длабока опозиција а ние ќе се бориме да го повратиме достоинството кое го имавме во минатото, порача Мицкоски.
Во клубот денеска литература од над 300 книги и секој кој сака може да го посети, и да најде и прочита дел од податоците и документите кои се наоѓаат таму.