Вчера во 15:26 часот во СВР Охрид било пријавено дека на пресекот на улиците „Борис Кидриќ“ и „Мирко Милески“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „ауди” со кичевски регистарски ознаки, управуван од А.Е.(22) од кичевското село Стрелци и моторцикл „хамачи”, управуван од 17-годишник од Кичево.
Моторциклистот, со тешки телесни повреди бил пренесен во клиниката „Мајка Тереза” во Скопје но при транспортот им подлегнал на повредите, а доктор од Итната медицинска помош, констатирал смрт. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, врз телото на моторциклистот, ќе биде извршена обдукција, се наведува во соопштението од СВР Охрид.