strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: „Маркова нога“ готова до 2027-ма?! Катимерини по 6 години се сети на грчките обврски од Преспанскиот договор
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Маркова нога“ готова до 2027-ма?! Катимерини по 6 години се сети на грчките обврски од Преспанскиот договор
МАКЕДОНИЈА

„Маркова нога“ готова до 2027-ма?! Катимерини по 6 години се сети на грчките обврски од Преспанскиот договор

Објавено January 20, 2025 13:39
strana.mk
Сподели
Сподели

о репортажата под наслов „Преспа: Стигнуваат до нашиот двор и не можат да влезат“, весникот ја истакнува важноста на граничниот премин што според проценките треба да почне со работа во 2027 година, коментира дека „седум години по потпишувањето на Договорот од Преспа, преминот сè уште не е ни почнат да се гради, а пренесува и изјави на градоначалниците на општина Преспа и општина Ресен.

„За растојание од пет километри возат околу два часа. Ова е реалноста што ја живеат жителите на општина Преспа, кои и покрај тоа што живеат веднаш до Македонија, за да ја посетат соседната земја треба да преминат преку граничниот премин Ники и да поминат над 130 километри. Причината е што граничниот премин кој се наоѓа на крајот на нивната општина и натаму останува затворен“, пишува грчкиот весник „Катимерини“ во текстот посветен на граничниот премин Маркова Нога-Лемос, јави дописничката на МИА од Атина.

„Одобрена е програмата Интерег, преку која се обезбедени средства и завршени се студиите. Буџетот за грчката страна е пет милиони евра“, вели градоначалникот на Преспа, Јоргос Стергиу и додава дека процените се дека проектот ќе биде испорачан во 2027 година.

Дополнително објаснува дека со пуштањето во употреба на граничниот премин ќе оживее туризмот во регионот, а главната причина, според Стергиу е директниот пристап што ќе постои до меѓународниот аеродром Охрид, кој е на само 35 километри од општина Преспа.

„Ќе биде порта. Стигнуваат до нашиот двор и не можат да влезат“, нагласи Стергиу, посочувајќи дека Преспанското Езеро е познато во светот по својот биодиверзитет.

Градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски за „Катимерини“ вели дека „од сè срце го очекуваат отворањето на преминот“, но и дека „амбициите се големи“, објаснувајќи дека жителите на Ресен очекуваат зголемување на туристите во околината, но и дека ќе се зголеми раздвиженоста на оние кои ќе поминуваат од Ресен за да стигнат до најблиските грчки плажи преку новиот граничен премин.

Посочува дека паралелно ќе се олеснат контактите меѓу жителите од регионот, кои веќе заеднички учествуваат во различни европски програми, од кои многу се однесуваат на животната средина и заштитата на Преспанското Езеро, како што се броењето на пеликаните и други птици и риби.

„Катимерини“ пишува дека според општина Преспа, проектот, покрај граничната инфраструктура, опфаќа и создавање на прекугранична пешачка рута што ќе ги поврзе селата Агиос Германос во Грција и Брајчино во Македонија, користејќи го новиот граничен премин.

„Во моментот кога Бугарија и Романија влегуваат во Шенген, а движењето на луѓе и стоки станува сè полесно во Европа, граничниот премин Леимос што ги поврзува Грција и Македонија останува затворен. Граничниот премин кој функционираше со децении, олеснувајќи ја комуникацијата меѓу жителите кои минуваа оттаму дури и секојдневно за да одат во соседното село, каде можеби имаа ниви или дел од нивното семејство, беше затворен во мај 1967 година за време на хунтата“, пишува весникот.

За отворањето на граничниот премин, градоначалникот на Преспа, Јоргос Стергиу пред девет месеци за МИА објасни дека повторното отворање на граничниот премин е тема за која интензивно се дискутира со години, уште пред потпишувањето на Договорот од Преспа, а доцнењето, според него е од практични причини, во однос на проектите што треба да се реализираат за да може да функционира преминот.

„Кога ќе биде отворен граничниот премин ќе се промени динамиката и ќе произлезат нови можности. Ќе се создаде нова туристичка рута и во наши раце е да ја искористиме, за доброто на сите. Во однос на симболиката, очигледно е дека со отворањето на граничниот премин општина Преспа, но и општина Ресен нема повеќе да бидат на работ на државите, туку на граничен премин, а областа Преспа ќе стане центар за комуникација“, истакна тогаш Стергиу за МИА.

Во март 2019 година, тогашниот министер за надворешни работи на  Македонија Никола Димитров и тогашната алтернативна шефица на грчката дипломатија Сиа Анагностопулу го потпишаа договорот за отворање на граничен премин во Преспанскиот регион, Маркова нога – Лемос, кусо подоцна договорот беше ратификуван и од грчкиот парламент.

TAGGED:границамаркова ногапреспа
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, пикот се очекува кон средината на февруари
Следна статија Мицкоски оствари средба со сопственикот на бејзбол клубот Њујорк Јенкис (NY Yankees)

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вонреден мониторинг на водата за пиење во Скопје, еве што покажаа резултатите

Секторот Санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација – Скопје на ден…

June 1, 2025
Мицкоски: Целосно е реконструирано одделението за системски прегледи во ИЈЗ

Марија тоа многу добро го срочи, би рекол брилијантно и мислам дека…

June 1, 2025

УХМР: Не очекува потопло и посушно лето

Летово се очекува да биде значително…

June 3, 2025

УКИМ годинава испадна од листата најдобри 2.000 универзитети според CWUR

Државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“…

June 3, 2025

Мицкоски: Предлог за нов министер за здравство најдоцна до 12 јуни

На денешната прес-конференција на претседателот на…

June 3, 2025

Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија, очекувам поддршка на Резолуцијата за македонскиот јазик и идентитет во ЕП

Резолуцијата за Македонија што ја изгласа…

June 3, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Верниците денес го слават вториот ден од Велигден

Верниците денеска го слават вториот ден од големиот христијански празник Велигден. Бидејќи Велигден се слави три дена, Велигденскиот понеделник или наречен…

April 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Велики четврток – првото црвено јајце има голема моќ

Денешниот празник е еден од базичните настани за Црквата. Сега се наоѓаме во средината на Страдалната седмица, седмица која е…

April 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Лидерите на верските заедници потпишаа декларација за борба против насилен екстремизам

Верските лидери од Македонија здружено ќе се борат против насилниот екстремизам. Се заложија да ја зајакнат заедницата за да превенираат…

May 13, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Николоски: Претходното раководство на Македонски пошти планирало да ја издаде централната зграда за ресторан со кабаре!

Претходното раководство на Македонски Пошти планирале да го издадат објектот на централната зграда за ресторан со кабаре, соопшти вицепремиерот и…

November 15, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?