strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: „Марш за ангелите“ во Кочани: Пожарот во „Пулс“ да не остане уште една трагедија затворена во архивите на неправдата
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Марш за ангелите“ во Кочани: Пожарот во „Пулс“ да не остане уште една трагедија затворена во архивите на неправдата
МАКЕДОНИЈА

„Марш за ангелите“ во Кочани: Пожарот во „Пулс“ да не остане уште една трагедија затворена во архивите на неправдата

Објавено June 28, 2025 21:35
strana.mk
Сподели
Сподели

Бараме од институциите да побрзаат со постапките против осомничените за трагедијата, нашите починати чеда заслужуваат правда и не сакаме ова да биде уште една трагедија што ќе остане заглавена во административните архиви, порачаа родителите на загинатите во пожарот во клубот „Пулс“ на денешниот „Марш за ангелите“ во Кочани.

Колоната на единаесеттиот протестен марш, што почна во 18 часот и 5 минути, ја мина вообичаената маршрута од Паркот на Револуцијата, низ Трговскиот центар, кон зградата на Општина Кочани. Со свирежи и гласни извици пред Полициската станица и пред Основниот суд и Јавното обвинителство во Кочани, родителите го искажаа незадоволството од текот на постапката.

-Одговорните во институциите да ја сфатат нашата неизмерна загуба со која живееме секој ден и да постапат побрзо. Сите докази веќе им се во рацете, снимките, нашите сведоштва, сѐ што видовме со свои очи таа кобна вечер. Зошто сѐ уште нема одговорност, до кога ќе чекаме одговор од ОЈО ГОК? Тие имаат толку многу докази од сведоци, од нас директно како сведоци и од камерите за видеонадзор. Тоа се докази кои водат до одговорност на Министерството за внатрешни работи и на институциите кои требаше да се грижат за јавниот ред и мир и за безбедноста. Нашите ангели заслужуваат правда сите, а ние ја заслужуваме вистината, затоа ве молиме побрзајте со постапките, слушнете ја нашата болка за ова да не остане уште една трагедија затворена во архивите на неправдата, истакнаа родителите на собирот пред Јавното обвинителство.

Побараа одговорност од полицијата и од обезбедувањето во „Пулс“ кои, како што рекоа, не реагирале навреме, но и одговорност поради, според нив, недоволната подготвеност на противпожарните екипи и несоодветната опременост и недоволниот персонал во болницата во Кочани.

Како одговор на обвинувањата на социјалните мрежи родителите рекоа дека нивните реакции не се под влијание на ниту една политичка партија, со забелешка дека никој од лидерите на партиите од власта и од опозицијата досега не дошол за да им изрази сочувство.

Родителите на починатите ги отфрлија и обвинувањата дека тие се одговорни за трагедијата со тоа што им дозволиле на децата да одат во „Пулс“. 

TAGGED:кочанимарш на ангелите
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Секој 50-ти Албанец во Британија е во затвор, британски пратеник бара од Рама да си ги прими назад криминалците
Следна статија Протестите во Белград „издишаа“, само 36.000 на улиците

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ФОТО) Министерот за здравство се увери во хоророт во „Бардовци“

Министерот за здравство Азир Алиу ја посети Психијатриската болница „Скопје“. Заедно со…

June 27, 2025
Д-р Стојковски: Двојно зголемен буџетот на Онкологија, во оптек седум нови лека

Директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, проф.д-р Игор Стојковски во…

June 27, 2025

Мицкоски: Седум изгубени години, се години во кои згаснуваа соништа! Но, најдоброто доаѓа!

По повод една година од владеењето…

June 28, 2025

Додека во Србија се протестираше Вучиќ игра шах

Додека во Белград се оддржуваат протести,…

June 28, 2025

Протестите во Белград „издишаа“, само 36.000 на улиците

Блокадерите во Србија го  започнаа протестот…

June 28, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Пожарот во „Пулс“ да не остане уште една трагедија затворена во архивите на неправдата

Бараме од институциите да побрзаат со…

June 28, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Јасно е дека светот влезе во многу турбулентна фаза, речиси никаде не сме безбедни, рече Сиљановска-Давкова по Акаба процесот во Софија

Пораките се и слични и различни, во зависност од амбиентот и регионот, меѓутоа јасно е дека светот влезе во многу…

April 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Клековски: Нема да поднесам оставка, СДСМ е последниот што може да бара одговорност

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) Сашо Клековски вечерва изјави дека нема да поднесе оставка на барањата на СДСМ…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дипломатскиот пасош не ѝ носи имунитет на првата антикорупционерка, која е под истрага за корупција

Актуелната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, која е осомничена за оддавање службена тајна во случајот “Адитив“ не смее да има…

April 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Посебен сообраќаен режим поради верскиот празник Велигден

По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” од попладне ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на одредени сообраќајници во централното градско…

April 19, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?