ехнолошкиот милијардер Илон Маск донираше 15 милиони долари на американските републиканци, вклучувајќи и пет милиони долари на „MAGA Inc“, супер ПАК комитетот што го поддржува Доналд Трамп, и тоа по јавната расправија со претседателот на САД.
поред извештајот на Политико, новите документи откриваат дека Маск ги дал тие донации во јуни, само еден месец откако изјави дека доволно има потрошено на политика. Истовремено тој дал дополнителни 10 милиони долари за да им помогне на републиканците да ја задржат контролата над Конгресот.
Донациите доаѓаат неколку недели по неговата јавна критика кон Трамп и републиканците за поддршка на закон кој, според Маск, може да го зголеми буџетскиот дефицит.
И покрај тоа што Маск го обвини Трамп на социјалните мрежи, нарекувајќи го „тажен“ и „урната верзија на себе“, сепак тој донираше пет милиони долари на главните супер ПАК-ови што ги поддржуваат републиканците во Конгресот: Конгресниот фонд за лидерство, Сенатскиот фонд за лидерство и MAGA Inc.
Маск минатата година вложи 290 милиони долари за поддршка на Трамп и другите републикански кандидати, а првично беше активен и во напорите за намалување на државните трошоци во почетокот на Трамповиот мандат.
Во мај тој најави дека нема повеќе да донира, наведувајќи дека не гледа причина за тоа, но сепак продолжи со поддршка на републиканските структури, и покрај личниот конфликт со Трамп.