Под слоганот „Домувањето е право, а не бизнис“, жителите маршираа низ шпанскиот главен град барајќи пониски цени за изнајмување и подобри услови за живот.
„Шпанците не можат да живеат во своите градови. Нè принудуваат да ги напуштиме градовите. Владата мора да ги регулира цените, да го регулира пазарот на недвижности“, рече Бланка Прието, 33-годишна медицинска сестра.
Во јули, шпанската влада најави рестрикција на краткорочните и сезонските изнајмувања. Владата планира да ги истражи рекламите на платформи како Airbnb и Booking.com за да провери дали имаат лиценци.
Today, hundreds of thousands of Spanish people have taken the streets in protest against the government. Squares all over the country have witnessed massive protests. The biggest protest took place in Madrid, but there have been protests in most of the Spanish cities. pic.twitter.com/2Dlj3SrSxT
— Iberian Spirit ✠ (@IberianSpirit) November 12, 2023
Шпанија се обидува да најде начини да ја балансира промоцијата на туризмот, кој е клучен двигател на нејзината економија, со проблемот со неразумно високите кирии предизвикани од гентрификацијата и префрлањето на сопствениците на имот кон попрофитабилните туристички изнајмувања.
Демонстрантите на одвоениот протест во Барселона против одржувањето на едриличарската трка на Купот на Америка го обвинија тој меѓународен спортски настан за поскапувањето на цените на изнајмување и доаѓањето на уште повеќе туристи во и онака пренаселениот град.
Жителите на Канарските Острови и Малага исто така организираа протести оваа година поради зголемената преориентација на сопствениците на имот кон туристичко сместување.
Сезонските работници во угостителството тешко наоѓаат сместување во овие туристички центри, па многумина спијат во камп приколки или дури и во автомобили.
Madrid empieza a decir basta ya a la especulación.
! Casas para vivir, no para especular !
Los poderes públicos deben tomar medidas ya. El #PPAyuso aplicar control de alquileres y abandonar su pasividad. #Huelgalquileres pic.twitter.com/KUfA9kD73f
— Eduardo Gutierrez. Economista.Diputado @MasMadrid_ (@eduardoguti_) October 13, 2024