Брајан Мбеумо ги заврши сите формалности и официјално стана член на Манчестер јунајтед.
Станува збор за фудбалер кој игра на позицијата крилен напаѓач, а Јунајтед мораше да му плати на Брентфорд 65 милиони фунти за негова отштета.
25-годишникот потпиша петгодишен договор со Манчестер јунајтед со опција за продолжување за уште една година.
Клубот од „Олд Трафорд“ успеа да го доведе камерунскиот репрезентативец од трет обид ова лето, откако ја зголеми понудата. Сепак, самиот фудбалер немаше дилема кога слушна дека познатиот клуб е заинтересиран за него.
„Штом слушнав дека има шанса да играм со Манчестер јунајтед, веднаш реков дека ќе ја ја искористам. Тоа е клубот чиј дрес го носев како момче и за кој навивав“, рече Мбеумо.
Брајан Мбеумо е третото засилување на Манчестер јунајтед ова лето по доаѓањето на Матеуш Куња и Диего Леон.