strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: МВР доби нова форензичка опрема за поефикасни истраги на кривични дела
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > МВР доби нова форензичка опрема за поефикасни истраги на кривични дела
МАКЕДОНИЈА

МВР доби нова форензичка опрема за поефикасни истраги на кривични дела

Објавено January 22, 2025 18:46
strana.mk
Сподели
Сподели

Денеска во Министерството за внатрешни работи беше извршено примопредавање на опрема за поефикасна истрага на местото на настанот во кривични дела кои вклучуваат оружје. Опремата ќе се користи првенствено од Одделот за форензички испитувања и единиците за истрага на местото на настанот во Секторите за внатрешни работи низ целата држава.

Опремата е донирана во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите на системот за форензика и истрага на местото на настанот за подобрување на кривично-правната контрола на мало и лесно оружје“, кој го имплементира УНДП во рамките на Патоказот за контрола на мало и лесно оружје на Западен Балкан, чиј потписник е Македонија. Како донатор на проектот се јавува Мултилатералниот доверителен фонд на Обединетите нации за мало и лесно оружје на Западен Балкан, кој го сочинуваат Германија, Шведска, Холандија, Франција, Обединетото Кралство и Норвешка, со поддршка на Европската Унија.

Опремата, во вкупна вредност од над 200.000 американски долари, се состои од универзални и специјализирани несесери за истрага на местото на настанот, фото камери, како и компјутери и соодветна хардверска опрема што ќе се користи за обработка на местата на настанот, односно злосторството. Форензиката и истрагата на местото на злосторството играат клучна улога во системот на кривичната правда кога станува збор за случаи кои вклучуваат огнено оружје. Преку анализа на балистика, траги и отпечатоци од прсти, форензичарите и увидните екипи кои работат во овие единици обезбедуваат важни докази за да помогнат во решавањето на злосторствата како и во спречувањето на идното потенцијално насилство. Целта е ефикасно откривање на сторителите и нивно санкционирање, со цел подобрен кривично-правен одговор на злоупотребата на огнено оружје, според надлежните.

Дел од донираната опрема ќе се користи и за опремување на новите простории за симулација за истраги на местото на настанот, кои УНДП ги развива во Центарот за обука на МВР во Идризово.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека „Имплементацијата на овој проект е од огромно значење Министерството за внатрешни работи, со што ја потврдуваме нашата определба кон остварување на целите од Патоказот за контрола на мало и лесно оружје, а особено кон усвојување на законската рамка за контрола на оружјето која ќе биде целосно усогласена со регулаторната рамка на ЕУ и стандардизирана во регионот, значително редуцирање на нелегалниот проток на огнено оружје, муниција и експлозиви како во рамките за Западен Балкан, така и пошироко и секако преку зајакнување на свесноста и едукативни активности со цел поефикасна контрола на малото и лесно оружје и спречување на нелегалната трговија со оружје.“

Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Армен Григорјан се наврати на долгогодишната соработка со Министерството за внатрешни работи во борбата против поседувањето, злоупотребата и ширењето на мало и лесно оружје во државата. „Како резултат на нашите заеднички напори, обезбедивме специјализирана опрема за истрага, организиравме сертифицирани обуки за полициски службеници и развивме софтвер за собирање и анализа на податоците. Ова резултираше со значително подобрени истраги и превентивни мерки кои имаат за цел да ја зајакнат безбедноста на сите граѓани. Денеска бележиме нов чекор во успешната соработка со Одделот за форензички испитувања и единиците за истрага на местото на настанот низ државата. Но, не застануваме тука. УНДП моментално ја финализира адаптацијата и опремувањето на балистичката лабораторија, која ќе служи за испитување на огнено оружје и муниција во кривична постапка. Следуваат и обуки за родова сензибилизација, како и надградување на полицискиот Модул за евиденција на инциденти, документи и активности, претходно развиен од УНДП, со нови функционалности за евидентирање случаи на родово-базирано и семејно насилство“ изјави Григорјан.

Предвидените активности и донации се дел од проектот „Зајакнување на капацитетите на системот за форензика и истрага на местото на настанот за подобрување на кривично-правната контрола на мало и лесно оружје“ и ќе придонесат за надградување на балистичките капацитети и оперативните активности на Одделот за форензички испитувања при МВР и кон подобрување на аналитичките, техничките и истражните капацитети на единиците за Истрагите на местото на настанот низ Републиката.

TAGGED:истрагикривични деламврнова форензичка опрема
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Исчезна девојка која имала здравствени проблеми
Следна статија Внимавајте: Поради магла е намалена видливоста на овие патишта

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во мај пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два случаи на СИДА

Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица…

June 17, 2025
Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице

Во Општата болница во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од катастрофланиот…

June 17, 2025

Димитриевски: За одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ

Дефинитивно за одредени градови ќе имаме…

June 18, 2025

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување…

June 18, 2025

Вучиќ најави голема воена парада во Белград во септември

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време…

June 18, 2025

Србинка пронајдена мртва на плажа во Грција

Државјанка на Србија (73) е пронајдена…

June 18, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Отец Димитар: Да се остане смирен – Херои се децата кои заминаа, кои спасија животи, кои се повредени

Јас не сум херој. Херои се децата кои заминаа, херои се децата кои спасија десетици животи, херои се повредените. Вака…

March 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обвинителката Наташа Крстевска Цалева ќе раководи со Вишото јавно обвинителство додека трае кривична постапка на Мустафа Хајрулахи

Обвинителката од Вишото јавно обвинителство Наташа Крстевска Цалева ќе ја презема функцијата шефица на Вишото јавно обвинителство, додека трае оддалечувањето…

February 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДЗР: Откриени нерегуларности и системски слабости во финансиски извештаи на Комисија за хартии од вредност

Повеќе нерегуларности и системски слабости покажала Ревизијата на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Комисија за хартии од вредност…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ во официјална посета на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе биде домаќинка на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој ќе престојува во официјална посета…

May 7, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?