Министерството за внатрешни работи отвори предистрага по допрен глас за фалсификување на записниците за мандатот на Дамева.
Во тек е предистрагата во врска со сомнежите за евентуално сторено кривично дело поврзано со мандатот на претседателката на Судски совет, Весна Дамева, која поднесе оставка на 2 декември.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи за МИА, бараните два записници кои треба да се проверат се одземени.
– Одземено е тоа што треба да се земе, предистрага е во моментов, нема што да се каже, кога ќе заврши сѐ ќе информираме, до кога ќе трае и тоа не се знае, велат од МВР.
Како што потврди Јавното обвинителство, полициски службеници по наредба на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје вчера влегле во Судскиот совет за да обезбедат два записници кои треба да се проверат поради сомнежи за евентуално сторено кривично дело поврзано со мандатот на претседателката во заминување, Весна Дамева.
– Постапувањето на обвинителството не е поврзано со формираниот предмет за црната листа на САД, туку се однесува на известување од МВР во кое е побарана наредба за обезбедување записници од седница на Судски совет во врска со мандатот на Дамева, информираа од Јавното обвинителство.