Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ја истакна можноста за натамошна анексија на територија во Украина, објави во саботата германската новинска агенција ДПА.
На партискиот конгрес на партијата Обединета Русија во Кремљ, Медведев во петокот рече дека е неопходно да се развијат регионите кои се веќе припоени од Москва – Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон.
„Тоа искуство, инаку, би можело да биде од помош доколку кај нас се појават уште нови региони кои се многу блиску“, што, како што рече, е сосема можно.
Медведев останува влијателен како претседател на партијата Единствена Русија и заменик-шеф на Советот за национална безбедност на Русија.
Кремљ, кој започна војна против Украина во февруари 2022 година под изговор дека го штити цивилното население во Донбас што зборува руски, досега само делумно окупираше четири региони, но бара нивно предавање од Киев како предуслов за мировни преговори.
Москва постојано се закануваше со дополнителни анексии, доколку Украина не го прифати барањето.