Познатиот холивудски актер Мел Гибсон ги воодушеви сите православни христијани со својата одлука да го помине овој Видовден во најголемото православно светилиште – манастирот Хиландар на Света Гора.
Гибсон е поздравен од многу Срби и православни христијани во коментарите и на социјалните мрежи за ова, а голема желба на многу луѓе е овој Австралијанец да стане православен, објави Телеграф.
– Никогаш не сум почувствувал таква врска со Бога како на ова место – рече Гибсон кога го почувствува духот на Хиландар, а покрај тоа што се сликаше со монасите, успеа да направи и селфи покрај црквата.
Сите беа воодушевени од изразот на лицето на Мел Гибсон на Света Гора. Не се сеќаваме кога видовме таква искрена среќа, исполнетост и нежност во неговите очи, и насмевка без грижи и сите товари што го придружуваа со децении.