На седница на Управниот одбор на АД МЕПСО, предводен од Генералниот директор Бурим Љатифи, едногласно била донесена одлука да се прекинат сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година.
Заеднички заклучок е дека трошоците и издатоците по оваа основа треба да се стопираат до следната 2025 година, кога овој процес ќе продолжи и понатаму да функционира, но на транспарентен начин и со детално почитување на критериумите предвидени за оваа намена“, соопштија од МЕПСО.
На ваков чекор Управниот Одбор се одлучил по анализа на долгата листа на донации и спонзорства и паричните средства кои биле доделени од почетокот на годината па се до доаѓање на новото раководство.
Сеопфатниот преглед на нашите служби покажа дека во првите седум месеци од 2024 година претходното раководство на Друштвото, кое наводно делувало согласно Законот за донации и спонзорства во јавни дејности, ја пречекорило финансиската програма за оваа година за речиси 10 милиони денари. За новиот менаџерски тим единствен приоритет останува вложувањето исклучиво во продуктивни инвестиции кои се во насока на градење и управување на стабилен и доверлив електропреносен систем на најтранспарентен начин и отчетно“, пишува во соопштението на МЕПСО.