Ниту една држава во светот, ниту еден здравствен систем не може да биде подготвен за таква трагедија како што беше во Кочани“.
Ова го изјави директорот за физикална медиција и рехабилитација Злате Мехмедовиќ во „Дејли Клик“ на ТВ21.
Тој рече дека рехабилитацијата може да трае многу на ваков тип на повредени.
„Рехабилитацијата на изгореници може да трае со години. Не континуирано со години. Кај одредени пациенти може да се повтори рехабилитацијата“, рече Мехмедовиќ.
Мехмедовиќ ја соопшти состојбата со повредените.
Многу од пациентите имаат изгореници на дишни патишта, дигестивен систем и имаат изгореници доминантно на главата и на рацете. Од таа причина контролата на овој дел од телото кој треба да се направи во насока на тоа како треба да се контролираат секундарните инфекции е исклучително важна. Инфекциите особено во акутна рехабилитација и во пост рехабилитацијата е нешто кое внимателно треба да се следи“, рече Мехмедовиќ.