Досега се затворени 226 онлајн казина што работат на територијата на Северна Македонија, бројот на казина е намален за 40%, објави првиот вицепремиер Изет Меџити. Тој исто така најави дека наскоро онлајн платформите повеќе нема да постојат.
–Би сакал да апелирам до сите граѓани, особено до младите, да не стануваат жртви на лажни е-пошта, да не се коцкаат со својата среќа на нелегални платформи, ако имате средства депонирани на овие страници, повлечете ги што е можно поскоро, државата дејствува и овие платформи повеќе нема да постојат, изјави Изет Меџити, прв вицепремиер.
Меџити нагласи дека го финализираат нацртот на новиот закон за игри на среќа.
-Денес можам да ве информирам дека сме во завршна фаза на изготвување на нов закон за игри на среќа, за кој можам да гарантирам дека ќе биде барем 50 до 70% поригорозен со членови во законот што автоматски ќе доведат до затворање на околу 70% од казино-обложувалниците во нашите населби, во близина на училиштата, во близина на градинките, насекаде каде што стана индустријата на претходната влада, изјави Изет Меџити, прв вицепремиер.
Меџити апелираше до граѓаните да ги пријават онлајн казината за да може владата да преземе соодветни мерки. Тој вети дека ќе го искорени овој систем на игри на среќа, што беше и ветување на коалицијата ВРЕДИ.