Не го исклучивме Таравари од ВРЕДИ, тој се самоисклучи, изјави предмалку Изет Меџити. Вели, не било тајна дека Арбен преговарал со ДУИ.
-Не е тајна дека Таравари преговарал со Ахмети, за разединување на коалицијата. Оценуваме дека одлуката на Таравари не се базира на ставовите на базата и анкетите, туку е во интерес на ДУИ. И покрај тоа, одлучивме да настапиме со заеднички листи за советници и градоначалници. Им упатувам порака на гласачите на Алијанса, да се дистанцираат од неговата политика и да останат во коалицијата. Ние му понудивме на Таравари 35 отсто, не му беше доволно, веќе има склучен договор со ДУИ и на некој начин е самоисклучен, нагласи Меџити.