Пушењето на отворени јавни места во Милано веќе нема да биде дозволено од 1 јануари следната година, освен ако пушачите не се на растојание од најмалку 10 метри од другите луѓе, објавија денеска италијанските медиуми.
Забраната се однесува на сите јавни површини на отворено, вклучително и улиците, пренесува Тг24Скај.
За прекршување на оваа забрана се предвидени казни од 40 до 240 евра.
Нова забрана за пушење на отворени јавни површини донесоа градските власти на Милано пред извесно време, како дел од планот за воздух и клима.
Целта на овој документ е намалување на емисиите на јаглерод диоксид за половина до 2050 година.
Засега забраната за пушење на отворени јавни површини не важи за електронските цигари.