Потпретседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска доби јавно барање да не ја манипулира македонската јавност за договорот за Стратешко партнерство со САД.
Откако на социјалната мрежа Х поранешен Твитер пратеникот Антонио Милошоски доби барање да направи проверка на факти за тоа кој го потпишал договорот за Стратешко партнерство со САД, екс шефот на дипломатијата побара од Каранфилова Пановска да не ја манипулира јавноста.
Каранфилова Пановска во емисијата 360 Степени тврди дека Договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и САД бил потпишан од страна на влада на СДСМ.
Оваа изјава на Каранфилова Пановска не е точна затоа што потписник на договорот со САД во 2008 година е токму Антонио Милошоски кој во Вашингтон заедно со тогашната американска државна секретарка Кондолиза Рајс стави параф на стратешкото партнерство.
Зошто потпретседателката на СДСМ Каранфилова Пановска излажа за овој момент, дали таа не знае или свесно манипулира е прашање на кое засега не дава одговор.
Каранфилова Пановска е екс директорка на Фондацијата Сорос во Македонија. Организацијата на Сорос сега е под мониторинг на администрацијата на Трамп за парите кои ги добивала од УСАИД.
Се замолува потпретседателката на @SDSMakedonija да не ја манипулира јавноста 🇲🇰🇺🇸
(Washington DC, 7ми мај 2008) https://t.co/I0jYLIIhtz pic.twitter.com/IjfpHzlwVB
— Antonio Macedonian (@AMiloshoski) February 25, 2025