Синоќа се одиграа два натпревари од плејофот на НБА, на кои победија домаќините. Минесота го победи Голден Стејт со 121-110 и се пласираше во финалето на Западната конференција со вкупно водство од 4-1 во серијата.
Џулиус Рендл ги предводеше Тимбервулвс до четвртата победа со 29 поени и 8 скока, додека Ентони Едвардс го заврши натпреварот со 22 поени, 7 скока и 12 асистенции.
Брендин Подзиемски и Џонатан Куминга беа единствените расположени да играат во редовите на Голден Стејт. Подзиемски постигна 28, а Куминга 26 поени.
Бостон го победи Њујорк со 127:102 и ја продолжи серијата во второто коло од Источната конференција. Дерик Вајт, кој постигна 34 поени, додека Џејлен Браун додаде 26, го предводеа Бостон до победа со која водството на Њујорк се намали на 3-2. Џош Харт постигна 24 поени за поразениот тим, додека Џејлен Брансон постигна 22 поени.