Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, потпишал договор за соработка со компанијата „АРБЕРИЈА-ДИЗАЈН ДООЕЛ“ од Тетово која во минатото беше во центарот на јавни обвинувања за блиски врски со ДУИ и сомнително добиени државни тендери.
Договорот е потпишан на 23 април 2025 година, и е во вредност од 500.000 денари со вклучен ДДВ. Се однесува на набавка на печатени и промотивни материјали за потребите на Министерството, како брошури, книги со лого, пенкала, УСБ-а, торби, знамиња и промотивни паноа.
Оваа компанија во минатото беше жестоко критикувана токму од Алтернатива и коалицијата ВЛЕН, за доминација во тендери на институции под водство на ДУИ и за наводни политички услуги.
И самиот Муртезани, додека беше во опозиција, јавно ја обвинуваше Арберија Дизајн.
Извор: Фокус