strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Министерот Ристовски најави дека почнува исплатата на државните субвенции во спортот
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Министерот Ристовски најави дека почнува исплатата на државните субвенции во спортот
МАКЕДОНИЈА

Министерот Ристовски најави дека почнува исплатата на државните субвенции во спортот

Објавено November 2, 2024 11:40
strana.mk
Сподели
Сподели

Националните спортски федерации, клубовите и спортистите во наредните денови ќе ги добијат средствата од државните субвенции коишто ги доделува Министерството за спорт. Административниот процес е завршен и се очекува да започне исплатата на средствата, по новата поефикасна и поедноставена процедура, најави министерот за спорт Борко Ристовски на вчерашното гостување во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.

Министерството за спорт и Владата обезбедија 550 милиони денари или нешто помалку од 10 милиони евра коишто се наменети за субвенционирање на спортот, нешто што не беше обезбедено од претходната Влада. Доколку не дојдеше до промена на власта и доколку не се конституираше новото Министерство за спорт, јас одговорно тврдам дека ќе немаше субвенции и државна помош за спортот затоа што тие пари не беа предвидени во буџетот за оваа година, односно претходната власт во буџетот имаше предвидено „нула“ пари за спортот. Ова е еден огромен чекор и на Министерството за спорт и на оваа Влада затоа што со ребалансот на буџетот ги обезбедивме овие средства. Сумата е нешто помала од претходните 615 милиони денари, меѓутоа ако земеме предвид дека се 550 милиони денари за само неколку месеци до крајот на фискалната година, ќе видиме дека тоа е, и тоа како, голема помош – истакна Ристовски.

Во завршната фаза од процесот за доделување на државните субвенции во спортот, од Министерството за спорт е испратен допис до сите национални спортски федерации кои до клубовите треба да ги проследат задолжителните обрасци, за да можат во најкус можен рок да ги пополнат и да ги достават до Министерството за спорт за што побрзо да почне исплатата на средствата. Министерот Ристовски појасни дека исплатата ќе се одвива сукцесивно, што значително ќе ја скрати целата постапка.

Средствата ги имаме на нашата сметка, подготвени сме за започнување на исплатата. Малку го променивме начинот на којшто ќе се исплаѓаат средствата, не само во делот на критериумите, туку и во делот на исплатата. Како прво нема да чекаме да пристигнат сите пријави или обрасци, па да се дадат на разгледување, туку постапката ќе тече сукцесивно. Како што ќе доаѓаат пријавите, така ќе бидат процесуирани. На два дена ќе се разгледуваат пристигнатите обрасци и како што ќе се усвојуваат, веќе наредниот ден ќе се исплаѓаат средствата. Претходната постапка, од донесувањето на обрасците во тогашната Агенција за млади и спорт до исплатата на средствата, имаше рок од 90 дена. Ние го поедноставивме процесот и го скративме овој рок. Или да појаснам, хипотетички, ако ги достават обрасците во понеделник, веќе во среда може да биде потпишан документот за да може да почне исплатата на тој што аплицирал. Се разбира, ако документацијата е комплетна и во ред. Тоа е една многу поедноставена и многу поефикасна процедура, затоа што сме свесни дека клубовите ги чекаат овие средства – рече Ристовски појаснувајќи дека исплата на државните субвенции во спортот заради почитување на законитоста и транспарентноста, почнува малку подоцна од првично најавениот рок.

-Распределба на државни пари за мене претставува една голема одговорност и токму поради тоа, малку поинаква е постапката. Оваа програма најпрво помина на Влада и беше едногласно усвоена, а потоа и на сите инстанци за одобрување и проверка и дури потоа ја отпочнавме процедурата за исплата. Можеби неколку дена покасно од планираното, но она што е најважно е законитоста и транспарентноста во распределбата на државните средства да биде на највисоко можно ниво и повторно да ја вратиме довербата во институциите. Затоа што токму поради распределбата на државните пари во спортот што беше во минатото, сега имаме осум обвиненија меѓу кои и обвинение за поранешен директор на Агенцијата за млади и спорт, против претседателот на Македонскиот олимписки комитет и за вработени во тогашната АМС. Тоа само по себе покажува дека распределбата на т.н. „ваучери“, во најмала рака, било сомнително и токму затоа сакавме да направиме еден поинаков пристап којшто ќе значи транспарентност и еднакво вреднување на сите спортски субјекти. Сакаме сѐ да биде транспарентно затоа што имаме намера да воведеме ред во спортот – истакна Ристовски.

Министерот за спорт појасни дека основна ставка во новите критериуми за субвенционирањето во спортот е рангирањето во националните првенства.

Критериумите по кои ќе се доделуваат државните средства во спортот се едни и единствени. Она што е најважно е дека субвенционирањето ќе биде по однос на учество во националните федерации. Најосновната ставка е рангирањето во националните првенства, а не оние ставки од претходно кои оставаа простор за манипулација и корупција. Затоа одлучивме да го вреднуваме успехот и распределбата да биде соодветна на пласманот – рече Ристовски.

Уште една новина во новата распределба на државните субвенции во спортот е тоа што Министерството за спорт во една натпреварувачка сезона, од септември до септември, двапати ќе исплати државни субвенции.

Овие средствата сега ќе бидат исплатени во целост, сите 550 милиони денари, а во февруари-март 2025 година ќе бидат исплатени другите субвенции, што ќе биде огромна помош за спортот. Откако е конституирано Министерството за спорт, па до март, најдоцна до април наредната година, вкупно ќе исплатиме 1.219.000.000 денари што е околу 20 милиони евра. Ова е бројка што не е затворена затоа што ќе имаме уште едно субвенционирање на спортот што ќе значи дека оваа Влада и Министерството за спорт, во спортот ќе инвестира 20 милиони евра, што е една доста сериозна сума. Ова е уште еден показател колку ние како Министерство за спорт сме одлучни да го вратиме спортот онаму каде што заслужува – истакна министерот Ристовски.

Тој нагласи дека согласно новата стратегија, неколку спортови ќе добијат приоритет и ќе бидат финансирани од државата, а другите ќе бидат помагани. Од колективните спортови тоа ќе бидат ракометот, кошарката, фудбалот и одбојката, а од индивидуалните тоа се неколку спортови кои се традиционлано најпопуларни и носат најголеми успеси – таеквондо, атлетика, борење, бокс, пливање.

Имаме направено една добра поделба која на краток рок ќе донесе поместување, а на среден рок мислам дека ќе донесе и успех за македонскиот спорт и за Македонија – истакна Ристовски.

TAGGED:борко ристовскиспортски ваучери
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Васко Саздовски, Македонецот кој загина во несреќата кај железничката станица, работел како професор на Институтот за роботика во Нови Сад
Следна статија Меѓу жртвите во несреќата во Нови Сад се и сестричките Тина (9) и Сара (5), загина и нивниот дедо

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени…

June 19, 2025
Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево преку социјалните мрежи…

June 18, 2025

Дали Иран гаѓа со ракети со повеќе боеви глави?

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека Иран…

June 19, 2025

Од септември ново покачување на пензиите

Од септември ќе има повторно покачување…

June 19, 2025

Што се случува со СДСМ?

Во Скопје секојдевно блуат невистини и лажни…

June 19, 2025

Гатузо си го оствари сонот

Џенаро Гатузо денеска официјално беше претставен…

June 19, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на централниот настан насловен „Насилство врз младите жени и девојки: сексуално вознемирување, демнење…

November 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Владата ќе поддржи во наредните месец дена, преку јасни критериуми и јасен систем, ваучери во вредност од 250 евра за…

October 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема одлука за избор на фирма која ќе гради катна гаража и ќе управува со паркингот во клинички центар

Владата нема донесено таква одлука и не знам од каде е таа информација, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор…

March 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муртезани: Да не инсистираме само на едно решение со Бугарија, туку да продолжиме да ги браниме нашите позиции

Мое лично мислење и впечаток од сите мои досегашни состаноци е дека не е добро да инсистираме само на едно…

December 29, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?