Општините и министерствата заедно во 2023 година потрошиле повеќе од 2 милиони евра за адвокатски услуги. Од општините, Град Скопје и Гази Баба предничат во исплатените суми за адвокати, додека кај министерствата тоа се Финансии (за функции на државата), па Правда и Труд.
Ова го покажува последното истражување на Центарот за граѓански комуникации.
Сите општини и Град Скопје, во 2023 година исплатиле 1,1 милион евра за адвокати по разни основи. Најчеста основа е за „правни услуги“, потоа „трошоци по извршни исправи“ и „плаќања по судски решенија“. 40% од исплатената сума е за адвокати кои општините сами ги ангажирале, додека останатите 60% се за исплатени адвокатски услуги по други основи како извршни исправи, судски решенија итн.
Истражувањето покажува дека речиси иста сума 1 милион евра во 2023 година потрошиле и министерствата.
Од 81 единица на локална самоуправа, 72 имале исплати за користење на адвокатски услуги во 2023 година, додека општините Босилово, Валандово, Градско, Делчево, Зрновци, Јегуновце, Карбинци, Липково и Пласница не користеле услуги на адвокати, ниту исплатиле адвокати врз други основи.
Една четвртина од општините исплаќаат месечен паушал на некој адвокат, во ист или приближно ист износ.
Целиот текст прочитајте го тука.