strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мисајловски: Во НАТО имаме нов контекст насочен кон преговори за мир во Украина
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мисајловски: Во НАТО имаме нов контекст насочен кон преговори за мир во Украина
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Во НАТО имаме нов контекст насочен кон преговори за мир во Украина

Објавено February 13, 2025 15:24
strana.mk
Сподели
Сподели

На овој министерски состанок на НАТО слушнавме многу поразлична реторика од онаа на претходната средба на министрите за одбрана, но и од пораките од ланскиот Самит на Алијансата во Вашингтон, изјави за МИА министерот за одбрана Владо Мисајловски по завршувањето на денешното заседание на Северноатлантскиот совет во Брисел.

– Сега со новата Администрација предводена од претседателот (на САД, Доналд) Трамп имаме сосема различен контекст и различни контури и постојано се зборува за планот за мир, што јас апсолутно го поздравувам. Тие нови контури ќе значат преговори како да се стигне до мировно решение, но од друга страна и за сите обврски што ќе ги има Европа, потенцира Мисајловски.

Според него, сега се зборува за различни видови на преговори, за она што било низ историјата, но и за тоа како најголемите сили да бидат предводници на напорите да се постигне мир во Украина.

– Реториката охрабрува дека може да се постигне мир во следниот период, додаде Мисајловски.   

На средбата на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО се говорело и за зголемување на одвојувањата на средства од националните буџети за потребите на одбраната во наредниот период.

– Пред нас доаѓаат големи предизвици, бидејќи треба да издвојуваме повеќе од две проценти од БДП. Можевме да слушнеме и три проценти, дури до пет проценти од новата Администрација на претседателот Трамп, што е сериозно за која било една земја. За сите земји во НАТО тоа е сериозна сума и само неколку држави можат да го постигнат тоа ниво од пет проценти. Но, ќе даваме се од себе за да ги модернизираме сопствените армии. Тука мислам на тоа како ние како држава максимално да се посветиме кон себе, што е многу важно, рече Мисајловски.

Министрите разговарале и за резултатите од поддршката за Украина во изминатиот период и дали со тоа се мотивирала Русија за дополнително сопствено производство и зајакнување на капацитетите на ниво кое е поголемо од она на сите членки на НАТО во Европа заедно.

– Тоа се сериозни суми за кои се разговараше. Во тој формат се изнесоа доверливи информации што секој од нас треба да ги знае како да се посветиме кон себе и максимално да се модернизираме и да покажеме дека ќе бидеме, се разбира, дел од фамилијата во НАТО што навистина ќе даде се од себе за да има подобри структури внатре во земјата, додаде Мисајловски.

На состанокот се говореше и за потребата од зголемување и на одбранбеното производство, при што, според Мисајловски, тоа е дел од нашите обврски и цели што ги наметнува НАТО за наредниот период, што бара дополнителни средства за нивно постигнување, кои, како што рече, се сериозни пари.  

Денеска и во мојот говор кажав дека се разбира ќе има приоритет она што ние треба да го набавиме, но исто така треба да бидеме реални колку можеме да издвоиме. Треба, исто така, како држава да водиме сметка се повеќе да имаме наменско производство, нагласи Мисајловски.

За таа цел, според него, треба да се охрабрат нашите компании да се ориентираат кон воено производство во оние сегменти во кои можеме да бидеме интересна земја и на тој начин да привлечеме инвестиции.

– Исто така, како што прават многу земји, и државата вложува во тие капацитети за тоа производство за да расте, бидејќи гледате какви предизвици се пред нас, зад нас, но и она што се очекува во наредниот период, секој да дава максимално како земја за да се зголемува наменското производство, да расте воената индустрија и да се зголемуваат капацитетите во сопствените држави, истакна министерот за одбрана.

Мисајловски потенцира дека сепак едно е модернизацијата што земјава мора да ја направи, но исто така мора да се подобрат и постојните капацитети на Армијата и Министерството за одбрана.

– Не може, тоа стално го говорам, постојано да се модернизираме со воена опрема, а да не гледаме какви ни се капацитетите. За жал, тие се оставени во многу лоша состојба и паралелно мора да работиме и како да имаме задоволна војска и задоволни вработени, а, се разбира, и да покажеме пред НАТО дека ќе дадеме се од себе, потенцира Мисајловски.

TAGGED:мисајловскиНАТОУкраина
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија ОЈО Скопје: Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град
Следна статија Јаневска: Расправата за концепцијата за гимназиско образование ќе продолжи, предлозите се генерално за зголемен број часови

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во мај пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два случаи на СИДА

Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица…

June 17, 2025
Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице

Во Општата болница во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од катастрофланиот…

June 17, 2025

Димитриевски: За одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ

Дефинитивно за одредени градови ќе имаме…

June 18, 2025

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување…

June 18, 2025

Вучиќ најави голема воена парада во Белград во септември

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време…

June 18, 2025

Србинка пронајдена мртва на плажа во Грција

Државјанка на Србија (73) е пронајдена…

June 18, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Незаконски избор на судии во Апелација, Камбовски изврши и кривично дело

Потпретседателот на Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски го коментираше вчерашениот избор на судии во Апелацискиот суд нарекувајќи го…

May 27, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: За да се реши проблемот со загадувањето на воздухот потребно е да се изградат когенеративните гасни централи

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната надзорна расправа за аерозагадувањето рече дека оваа тема секоја зима…

May 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Запуштена хала на Македонски Железници Транспорт доби нов лик

Со години запуштената хала, доби нов лик, објавиjа на своjoт фејсбик профил Македонски Железници Транспорт АД. Од таму потенцираат дека…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Етнички теми отвораат политичари кои немаат идеи

Етнички теми отвораат политичари кои немаат идеи, каде што има отсуство на реални идеи кои  решаваат реални проблеми за реалните…

November 18, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?