Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска традиционално се одржаа две предновогодишни активности на Министерството за одбрана и Армијата: Видео конференциска врска со македонските мировници во присуство на членовите на нивните семејства и поделба на новогодишни пакетчиња на децата на припадниците на Армијата.
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денес се дружеше со овие дечиња на кои им подели новогодишни пакетчиња по повод претстојните празници.
За денешниот настан да биде посебен, беше организирано и специјално пристигнување на Дедо Мрза во воздухопловниот ВИНГ.
Децата на припадниците на Армијата и Министерството за одбрана, воодушевени од денешната средба и подароците кои ги добија.