По информацијата за евакуација на учениците од неколку училишта во Општина Аеродром, на социјалните мрежи се огласи градоначалникот Дејан Митески.
„По утринските дојави за бомби во шест основни училишта во Општина Аеродром, тимови на МВР веднаш излегоа на терен. По извршените контроли, учениците се веќе вратени на настава. По дојавите, беше постапено согласно протоколите што се преземаат во вакви ситуации, а децата беа безбедно евакуирани,“ напиша Митески на својата официјална Facebook страница.
Градоначалникот упати апел за смиреност кај родителите, учениците и наставниот кадар, потенцирајќи дека институциите будно ја следат состојбата и постапуваат согласно безбедносните процедури.