strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски: Ако извештајот на Вајц не помине и на 24 јуни, тогаш проблемот не се Бугари во Уставот, туку македонскиот идентитет и јазик
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Ако извештајот на Вајц не помине и на 24 јуни, тогаш проблемот не се Бугари во Уставот, туку македонскиот идентитет и јазик
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Ако извештајот на Вајц не помине и на 24 јуни, тогаш проблемот не се Бугари во Уставот, туку македонскиот идентитет и јазик

Објавено June 10, 2025 14:27
strana.mk
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека најголем дел од европратениците, пред се, оние кои се залагаат за вистинските европски вредности, му дале шанса на Предлог-извештајот за земјава, чие гласање Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) на 4 јуни беше одложени за 24-ти овој месец. Доколку не биде изгласан и тогаш, нагласи Мицкоски, тогаш македонските граѓани треба да бидат свесни дека не станува збор за внесување на неколкуте стотини граѓани со бугарска самосвест во Уставот, туку дека проблемот се посебниот македонски идентитет и македонски јазик.

-Најголемиот дел од европратениците, оние кои вистински ги застапуваат европските вредности, одлучија да му дадат шанса на процесот и на 24 јуни повторно да биде на седница и ако не помине, ако повторно се одложи, тогаш македонските граѓани треба да бидат свесни дека проблем не се неколкуте стотини граѓани, кај нас, кои се дел од бугарската заедница да бидат во нашата Преамбула, туку дека се посебниот вековит македонски идентитет и македонскиот јазик. Тоа е суштината, тоа е проблемот, се останато нема никаква врска со реалноста, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по пуштање во употреба на реконструираното Одделение за управни работи – Скопје.

На предлог на известувачот Томас Вајц, АФЕТ на 4 јуни го одложи гласањето за усвојување на Предлог-извештајот за земјава за 24 јуни, со образложение дека бил сведок на интензивни политички дебати околу извештајот, но дека апсолутно стои зад документот, за кој во преговорите и компромисите, како што рече, биле вклучени сите пратенички групи во Европарламентот.

– Ова е извештај на Европскиот парламент и на Европската Унија. Овој извештај нема намера и нема за цел решавање на билатерални прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија. Сепак, знаеме дека се работи и за билатерални односи, но исто така, да речеме, за владеењето на правото, за третманот на малцинските заедници и така натаму. Затоа би сакал да побарам одлагање на гласањето по овој извештај за 24 јуни, порача Вајц минатата недела.

Мицкоски денеска истакна дека извештајот во неколку наврати се споменува посебниот македонски идентитет и посебниот македонски јазик, што како што рече претходната Влада велеа дека тоа е формалност, но последните случувања во Европскиот парламент и реакциите на бугарските европратеници покажале дека тоа не е случај.

-Навидум тоа требало да е формалност, барем така не убедуваше владата на СДСМ и ДУИ, така не убедуваа Ковачевски, Маричиќ, Бујар Османи, нели тоа не било проблем. Но, видовме дека за одредени европарламентарци, посебно за европарламентарците, кои доаѓаат од исток и тоа било проблем, што било проблем, па пред се македонскиот идентитет и јазик, додаваат едно зборче „презент, сегашно“, значи сепак македонскиот идентитет и македонскиот јазик биле проблем. Тоа не убедуваа, оние кои ги уништија или ја ставија во подредена положба желбата на македонските граѓаните да се интегрираат во европското семејство, рече Мицкоски.

И покрај повикот на претседателот на Франција Емануел Макрон за враќање на пленарните сесии на Европскиот парламент во Стразбур „од октомври“, првата октомвриска сесија ќе се одржи во Брисел.

Тој истакна дека високи политичари од Бугарија се обраќале до високи политичари од Брисел за да го спречат извештајот, со образложение дека сакаат да се избегне дополнително незадоволството кај нив, поради процесот околу прифаќањето на еврото.

Во однос на заканите кон Вајц, тој посочи дека со него се видел еднаш кога известувачот дошол во Владата, заедно со група европратеници, меѓу кои имало и двајца бугарски, но нагласи немале тет-а-тет средба, туку дискутирале во еден поширок формат. Сепак, додаде Мицкоски, „наше легитимно право како Влада е да одиме во светот и да се бориме за нашите аргументи“.

Тоа е наше елементарно човеково право, изминатите месеци лавовски се бориме насекаде во свет и во Вашингтон, Брисел, Лондон, Берлин…да ги вратиме изгубените позиции, кои ги распродаде претходната влада…само за да остане на власт…Наше право е и ќе продлжиме да се бориме. Можеби сме малоубројни, но имаме срце и ќе се браниме, додаде Мицкоски.

Бугарските европарламентарци му забележаа дека Вајц имал средби со политичарите од Македонија, но не и со политичари од Бугарија, како и дека пратеникот задолжен за извештајот бил премногу близок до земјата-кандидат. Вајц за „Политико“ изјави дека за него е стандардна практика да се среќава со претставници од земјата кандидат за која се пишува извештајот.

Во писмото на 17 претставници на Бугарија во Европскиот парламент се осудува известувачот Вајц, пратеник на Зелените од Австрија, со тврдењето дека Владата на Македонија влијаела врз неговото водење на преговорите и дека тој го игнорирал насилството врз бугарското малцинство таму.

Уставните измени значат вклучување на неколку малцинства во Уставот на Македонија, и само сакам да разјаснам едно, ова е барање што Северна Македонија треба да го исполни во согласнос

-Цел сум на нападите затоа што не попуштив на бугарскиот притисок, изјави Вајц. Тој на новинарот на „Политико“ му покажал неколку заканувачки пораки што ги добил откако неговиот телефонски број бил објавен на бугарските екстремно десничарски профили на социјалните мрежи.

Премиерот Мицкоски информираше и дека на владината седница ќе се најде Реформската агенда, односно најголем дел од обврските кои се преземени до првиот датум 30 јуни ќе бидат разгледани. Додаде дека тоа Владата го прави на секои две недели.

Најголемиот дел од преземените обврски со овој прв датум, од 30 јуни, ќе бидат во процес, а можеби и за сите денеска ќе разговараме, мислам дека една, две или три беа симптоматични, мислам сомнителни, но сметам дека и тие ќе бидат завршени. Така што лично имам фокус заедно со министерот за европски прашања, со министерот за надворешни работи и надворешна трговија на овој процес и убеден сум дека ќе го задржиме приматот најдобри. Да ве потсетам први станавме корисници, први воведовме СЕПА, први потпишавме договор за безбедносна и одбранбена политика со ЕУ, ние сме посветени на ЕУ, истакна Мицкоски.

TAGGED:БугаријаЕУМицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Стојанче Ангелов ќе зема повисока плата: Владата одобрила покачување
Следна статија Тошковски најави набавка на униформи: Спорната набавка е законска, но немаше доволно критериуми во тендерот

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во мај пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два случаи на СИДА

Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица…

June 17, 2025
Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице

Во Општата болница во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од катастрофланиот…

June 17, 2025

Димитриевски: За одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ

Дефинитивно за одредени градови ќе имаме…

June 18, 2025

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување…

June 18, 2025

Вучиќ најави голема воена парада во Белград во септември

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време…

June 18, 2025

Србинка пронајдена мртва на плажа во Грција

Државјанка на Србија (73) е пронајдена…

June 18, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се отвори ски центарот „Михајлово“, како Влада продолжуваме да работиме на реализација на проекти

Добар ден и од мене. Првиот ден во Новата година сме овде во Кавадарци. Му честитам на градоначалникот за навистина…

January 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

Советот на Градот Скопје одржува вонредна седница по кризата во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое од синоќа остана без нафта.…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Од утре не очекува нестабилно време со дожд и грмежи!

Од утре пад на температурите за три до пет степени, најавува Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според прогнозата, ќе дува…

June 8, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Реконструкција на загинувањето на Гоце Делчев: Последниот пат од Солун до Баница

Како одела линијата на движење на Гоце од Солун кон селото Баница. Реконструкција на неговите последни денови, со кого се…

May 4, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?