Премиерот Христијан Мицкоски, ја коментираше ситуацијата околу паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, односно дека преку јавно-приватно партнество е избрана фирмата „Ѓока“ од Албанија.
Прво направена е физибилити студија, и во основ на таа физибилити студија е одлучено дека вака е најдобро. Второ беше распишан јавен оглас, на кој се јави само една компанија. И трето, ние немаме ништо потпишано. Ако јавноста е против, а гледаме дека е против, тогаш нема ниту да потпишуваме“, рече Мицкоски и додаде:
„Нашата цел беше само да се реши хаосот на Клиничкиот центар, затоа што верувајте дека се губат животи само поради гужвата и хаосот на тој паркинг“, изјави Мицкоски.