strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски: Безбедносните служби лажно ме претставиле како организатор и финансиер на „параполициска воена формација“ и ме следеле физички – за ова ќе има одговорност!
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Безбедносните служби лажно ме претставиле како организатор и финансиер на „параполициска воена формација“ и ме следеле физички – за ова ќе има одговорност!
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Безбедносните служби лажно ме претставиле како организатор и финансиер на „параполициска воена формација“ и ме следеле физички – за ова ќе има одговорност!

Објавено December 26, 2024 14:37
strana.mk
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања одговарајќи на едно од прашањата, дали има нови момент во насока на деталите кои ги изнесовте пред некое време од оваа собраниска седница за ваше физичко следење и дали може да се очекуваат докази врз база на спроведена истрага во рамки на институциите, вели дека според Извештајот на работата на Агенција за национална безбедност, кој е декласифициран за јавноста, тогашните безбедносни служби го назначиле како организатор на „параполициска воена формација“ и физички го следеле, но не само него туку предмет на следење било и неговото семејство, двата малолетни сина и неговата сопруга.

„Една од неколкуте институции кои што треба да се занимаваат со безбедноста на државата, наместо да се занимава со безбедноста на Македонија, се занимавала со физичко следење на претседателот на најголемата опозициска партија. И тоа го правеле на многу интересен начин. Како? Измислуваат извор во случајот „цилиндар“ кој што според нив доставува веродостојна информација. Конкретно таква информација доставил од објективни причини, нема да ја кажам точната дата, туку ќе кажам некаде од почетокот на 2020 година, чудно тоа коинцидира со изборите кои што тогаш се случуваат, во која што вели, внимавајте, пара полициско воено вооружена формација. Претпоставувам најголем дел од вас биле пара полициско воено вооружена формација составена од внимавајте го ова, македонски радикални екстремни и националистички настроени државјани кои имаа за цел во предизборието да вршат заплашување и закани на македонски граѓани за да издејствуваат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ. И ова е многу интересно, нарачател и финансиер на оваа пара полициско воено вооружена формација на македонски радикални екстремни и националистички настроени елементи, е професор д-р Христијан Мицкоски. Јас сум тој кој што оваа пара полициско воено вооружена формација ја финансирал, ја формирал итн. Но, ова е оставено како трага таму и точно се знае кои се тие кои што ова го работеле. Точно се знае. Ова служело како покритие за да бидеме покриени физички сите. Сите најголем дел од вас се дел од оваа пара полициско воено вооружена формација“, порача Мицкоски.

Одиме понатаму некаде во втората половина од оваа година истиот овој извор „цилиндар“ вели дека јас сум виден со две женски особи на Водно, во нивно друштво на Водно како пешачам. Во името на приватноста не сакам да ги кажам, како што не е вистинита информацијата, не е ни првата, не е ниту оваа втората вистинита, како пешачам и замислете тие ми презентирале информации од мој политички интерес. А додека пешачам, изворот „цилиндер“ мене ме покривал“, нагласи Премиерот Мицкоски и рече дека во 2021 година за време на локалните избори бил следен, но овој пат изворот го добил името „џокер“.

„Понатаму, исто така, пред избори во 2021 година тогаш се локалните избори, изворот сега го добива „џокер“ не е веќе „цилиндар“ вели дека во Манастирот Св. Јоаким Бигорски мојата средба со припадници на патриотско друштво не била случајна, туку тоа било средба во која што јас сум ја остварил за да ја нарушуваме безбедноста и стабилноста на Македонија. Повторно алиби за да бидам физички покриван“.

Премиерот Мицкоски во насока на ова, праша дали ова се европските вредности кои ги промовираше тогашната власт на СДСМ и ДУИ, посочувајќи дека мора преку реформи еднаш засекогаш да се стави крај на овие злоупотреби со безбедносните служби.

„Е сега ова ли се европските вредности. Ајде за тоа што крадеа, крадеа, за тоа ќе има одговорност. Има институции во оваа држава“, истакна премиерот и додаде:

„И тоа не е сè. Тука се покривани и мојата сопруга, моето семејство и мојот малолетен син. И двајцата, едниот е поголем, другиот е помал. Но, и тие се покривани физички. И затоа е сега стравот, затоа е сега стравот. Не е стравот заради друго нешто. Овие европски вредности ги промовираа овие луѓе. Дали ова се вистинските европски вредности, дали јас ви личам на човек кој што може да финансира пара полициско воено вооружена формација.

Затоа треба на овие злоупотреби еднаш засекогаш со реформа во овие служби да им се стави крај, за да не им се случува на оние генерации кои што доаѓаат по нас. Затоа што ако ова им се случува, ништо не сме направиле, за бадијала ни е сè и европски фронтови и Балкански фронтови и било што, ако ние во 21 век имаме ваков начин на злоупотреба на работата на безбедносните агенции“, дециден е Мицкоски.

На крај премиерот Мицкоски нагласи дека не само што и него што го следеле, туку за неговиот малолетен син што го следеле, ќе одговараат.

TAGGED:мицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Вработен во Финансиска полиција осомничен во случајот „Државна лотарија“
Следна статија Минчев за злоупотребата на балансерот: Агрон и Фатмир беа регистрирани како македонски имиња, Ангеле и Стојан како албански

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Скопското Кале е чисто и уредено

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски,…

January 28, 2026

Бугарски професор до македонските камионџии: Станете бугарски државјани, ништо нема да изгубите

Бугарскиот професор и академик Спас Ташев…

January 27, 2026

Софија Куновска: Конгресот на СДСМ беше театар на апсурдот без смисла и катарза

Актерката и поранешна функционерка на СДСМ,…

January 26, 2026

(ВИДЕО)Енергетиката и долгорочниот развој на државата во фокусот на говорот на премиерот Мицкоски во Давос

Македонија ги зајакнува преносните линии за…

January 23, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Повеќе од 700 дечиња ќе може да стекнуваат знаење во новото училиште во Ченто

Отпочнеме со една нова градба на основно училиште, каде што од тоа што успеав да го дознам од градоначалникот повеќе…

October 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Почина Митрополит Тимотеј

Дебарско-Кичевскиот Митрополит Тимотеј денеска ја загуби битката за живот и почина во болница. Тимотеј изминатите неколку дена бил хоспитализиран поради…

November 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Костенијада во Ново Село: Овие настани влијаат на развојот на руралниот туризам

Денеска сме на овој преубав настан на покана на градоначалникот на Општина Ново Село, се надевам дека ќе го збогатиме…

October 19, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Осум од повредените во Кочани се во „Пирогов“ во Софија, нивната состојба е тешка

Вкупно осум лица повредени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани се хоспитализирани во Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“…

March 17, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?