strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски во Гази Баба: За 100 дена ги покачивме пензиите, продолжуваме да работиме посветено
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски во Гази Баба: За 100 дена ги покачивме пензиите, продолжуваме да работиме посветено
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Гази Баба: За 100 дена ги покачивме пензиите, продолжуваме да работиме посветено

Објавено October 1, 2024 23:50
Strana
Сподели
Сподели

Нашиот народ е скромен, благодарен, работлив, вреден и колку малку треба за човек да биде среќен. Јас сум благодарен што можам да го видам тоа денес на вашите лица и тоа за нас преставува инспирација да продолжиме да работиме уште понапорно за во периодот кој што следи да овозможиме уште поголеми пензии, да овозможиме уште поголема перспектива за вашите внуци, синови, ќерки да ги гледате вашите внучиња тука во Македонија затоа што нема поголема мака од тоа кога мајка, баба, се дели од своето чедо кое што поради бесперспективност, разочарување ја напушта својата држава, својата татковина, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната средба со пензионерите во Општина Гази Баба.

Ова денеска што се случува претставува навистина една потврда дека на овој мирољубив народ малку му треба да биде среќен, а нашата желба и нашата среќа е кога ве гледаме вас среќни. Ве молам вака да ве гледаме цело време, им се обрати премиерот на пензионерите.

Претседателот на Владата истакна дека Владата продолжува да работи посветено за сите граѓани

Продолжуваме и понатаму, тоа беше едно обично само предизборно ветување; многумина не прашуваа од каде ќе најдете пари, како ќе најдете пари- успеавме да најдеме пари, а пари најдовме на начин на којшто ние не сакавме да ги крадеме граѓаните, не сакавме да ве крадеме вас туку сакавме да работиме чесно, достоинствено и на тој начин да имаме поголем прилив во буџетот и со тој поголем прилив во буџетот да овозможиме вие да уживате во тоа што сте го заслужиле работејќи макотрпно целиот ваш работен век. И зашто требаше да поминат 100 дена? Затоа што овие 100 дена кога го правевме планот беа претпоставени дека ќе бидат доволни да можеме да акумулираме доволно заштеда да овозможиме да имаме најпрвин половина од онаа сума којашто ја ветивме, а потоа за уште 6 месеци со новиот буџет и втората половина што во рок од 9 месеци не од година го испорачаме тоа ветување коешто сме го дале, рече тој.

Мицкоски потсети и што наследиле од претходната власт потенцирајќи дека тоа што го ветиле сакале да го испорачаат. И полека но сигурно, со многу трпение, со многу мудрост, ум и стратегија тоа да го реализира.

Состојбата беше многу сложена, многу тешка, првиот ден кога дојдовме на работа, 24ти Јуни, сметката на владата беше – 200 милиони евра. Ниту една не затекнала такво цунами како што оваа Влада затекнала. Работевме многу, макотрпно, чесно и можам да кажам дека полека но сигурно приходите во буџетот се зголемуваат затоа што веќе народот никој не го краде, никој нема право да го краде, туку треба да работи за народот, да биде слуга на народот. УЈП ги зголемуваше своите приходи, Царината ги зголемуваше своите приходи, и на тој начин има повеќе за вас, повеќе за граѓаните. Тоа е она за коешто се заветивме како Влада и тоа е она што ќе го работиме. Но има и други работи коишто ги направивме, коишто вие можеби во меѓувреме не ги гледавте и не сакавме многу да зборуваме. Повеќе да работиме, помалку да зборуваме, истакна премиерот.

„Пред да се направи ребалансот на буџетот во кој што беа предвидени овие зголемувања и покачувања на пензиите, тој кажа дека претходната Влада заборавила во првата верзија од буџетот кој што беше тековен да предвиди ни повеќе ни помалку 5 милијарди денари. Тоа е 80 милиони евра за тековните, и не станува збор за покачените, за тековните недостасувале 5 милијарди денари. Така што со ребалансот не само што ги обезбедиле овие зголемувања коишто се мали , недоволно, но доволно за човек денеска да се почувствува малку горд.

Ги обезбедивме и оние 5 милијарди да исплата на досегашните висини на пензиите. Понатаму, не сакам да заборавите и една друга работа која со министерот за здравство ја промовиравме а тоа е дека после една деценија вклучивме нови 9 генерички лекови на позитивната листа, листа на којашто вие нема да плаќате партиципација ќе ви бидат бесплатни. Со тоа се заштедуваат милиони, милиони пари од граѓаните, истакна Мицкоски.

Премиерот кажа дека се продолжува со надградба на ова листа и понатаму се продолжува да се штеди за граѓаните. Граѓаните коишто ги користат тие лекови ќе бидат со помали трошоци, со поголема заштеда и ќе може да добиваат лекови со поголем квалитет.

Понатаму исто сакам да кажам дека успеавме со мерките коишто ги воведовме, за прв пат после две години инфлацијата да ја спуштиме на ниво за 2, 2 % , најниска во август во регионот и најниска во Европа. Не напаѓаа, платите не растеле. Видовте државниот завод за статистика во месец Јули излезе со податоци дека не само што растат платите туку дека растат споредбено со минатите години но тога цените и инфлацијата беа 25 % сега се само 2,2%. И тоа не е доволно, ќе биде уште пониско со новите мерки помалку трошоци, повеќе за вас, потенцира премиерот.

Тој кажа дека сето тоа што го работеле во изминатиот период, целта била само да се направиме нешто повеќе за граѓаните. За граѓаните истакна тој затоа што тие ја дале довербата на 8ми Мај, за да речиси за 5 месеци најмалку што може да се направи, и тоа што е ветено е и испорачано.

„За овие 100 дена некој ќе ми го постави прашањето: Дали сте задоволни? Секогаш може повеќе. Но, сум задоволен. Задоволен сум затоа што го оставивме срцето на терен, затоа што се боревме храбро, затоа што работевме чесно, вредно и макотрпно и затоа што во првите 100 дена најголем број од големите ветувања ние ги испорачавме, Во месеците и годините коишто следат имаме многу позитивни изненадувања, уште многу ваков тип на испораки, уште многу насмеани лица бидејќи тука ќе завршам како и што започнав, вашата насмевка е наша инспирација. Вашата насмевка е наша награда за сето тоа што го правевме досега, а јас ве уверувам и ви давам збор дека ќе продолжиме истото да го правиме за вас бидејќи вие тоа го заслужувате. Да сте ми живи и здрави, Бог да ни ја благослови Македонија и да се гледаме за убави работи, заклучи премиерот.

TAGGED:пензионерисредбахристијан мицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Иран: Нападот е само увид на нашите способности
Следна статија Нетанјаху: Иран направи голема грешка и ќе плати за тоа

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Земале малку пари: Нотарите бараат зголемување на дел од тарифите, велат дека не биле променети 25 години

Нотарската комора бара зголемување на дел од тарифите. Нотарите насласуваат дека трошоците им се зголемени, а тарифите покрај тоа што…

June 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски на пуштање во употреба на делницата Дреново – Фариш до Прилеп

Обраќање на премиерот Мицкоски на пуштање во употреба на делницата Дреново – Фариш до Прилеп

June 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

И со новиот закон, бесплатни учебници на пет јазици

Новиот Закон за учебници во основно и средно образование ја уредува подготовката, изборот, одобрувањето, издавањето и повлекувањето од употреба на…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) На летот Лутон- Глазгов: Македонец совладал човек кој извикувал дека во авионот има бомба

Македонецот Зоран Настески успеал да совлада човек кој извикувал во авионот дека има бомба. Како што се гледа и на…

July 28, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?