strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски во дводневна посета на Србија по повод меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски во дводневна посета на Србија по повод меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски во дводневна посета на Србија по повод меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам

Објавено November 22, 2024 07:46
strana.mk
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска и утре ќе престојува во дводневна посета во Република Србија по повод меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“.

Мицкоски денеска попладне ќе има одвоени средби со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, а потоа и со српскиот премиер, Милош Вучевиќ.

Во состав на македонската делегација по повод третиот меѓународен саем ќе бидат Љупчо Димовски заменик-претседател на владата за политички систем, Иван Стоилковиќ, заменик-претседател на владата и министер за односи меѓу заедниците, Игор Јанушев, генерален секретар на владата на Република Северна Македонија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам, Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Минчев, министер за јавна администрација и Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово.

Премиерот Мицкоски ќе има обраќање на отворањето на настанот, по што ќе следува прошетка низ саемот.

Вечерва Мицкоски и Амбасадорот на Република Македонија во Република Србија, Никола Тупанчевски, ќе имаат свои обраќања на македонската вечер што ќе се одржи во хотелот Хајат.

На третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ што се одржува во Белград од 22-24 ноември ќе бидат претставени 650 изложувачи од 38 земји.

Покрај тоа, посетителите ќе можат да уживаат и во Гастро театарот – презентација на најдобрите ресторани и хотели од Србија, Северна Македонија и Албанија, каде што ќе се подготви комплет мени од три јадења во комбинација со вина избрани од најдобрите сомелиери од Србија.

Оваа година од Македонија на саемот во Белград ќе учествуваат 80 винарии и дестилерии, 6 изложувачи на храна и ресторан со 3 готвачи.

Еден од најатрактивните сегменти на саемот ќе биде доделувањето на „ Винскиот трофеј на Отворен Балкан“, што ќе се одржи на 23 ноември. Тогаш ќе бидат прогласени најдобрите вина на фестивалот, а жирито составено од 26 меѓународни вински експерти, меѓу кои и шестмина носители на титулата „Мастер на виното“, ќе оцени речиси 1.000 примероци вино.

Ќе се оценуваат вината од Србија, Македонија, Албанија и други балкански земји, а најдобрите примероци ќе бидат наградени со златни, сребрени и бронзени медали. Исто така, за вината на членовите на Иницијативата Отворен Балкан ќе бидат доделени национални

Гости на Белград ќе бидат и лидерите на кулинарската и прехранбената индустрија: британскиот готвач и амбасадор на британската кујна Алан Коксон, главниот готвач и сомелиер Драган Униќ, вториот потпретседател на Светската асоцијација на мајстори на готвачи Даниел Ајтон, познатиот италијански готвач Џанлука Томази, како и директорот на Кулинарската олимпијада Даниел Шаде.

Централното место на Белградскиот саем ќе го заземе заедничкиот штанд на трите национални туристички организации на земјите од Отворен Балкан, каде заеднички ќе ја презентираат туристичката понуда и културното наследство на сите три земји.

TAGGED:Белградмицкоскисаем
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија (Видео) Роналдо го угости најпопуларниот jутјубер во светот: „Се плашиш да не те надминам?“
Следна статија За денеска најавено нормализирање на автобускиот превоз во Скопје, Владата обезбеди нафта за ЈСП

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Ги реновираме просториите за издавање лични документи во Скопје, ќе понудиме побрзи и поефикасни услуги

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изврши увид во реконструкцијата на просториите на Одделот за граѓански работи на МВР…

October 25, 2024
НАСЛОВНИ

(ВИДЕО) Во Канада е откриен череп од диносаурус тежок речиси 300 килограми

Палеонтолозите откопаа череп од пахириносаурус тежок дури 272 килограми во близина на градот Гранд Прери во Алберта, објави денеска Би-би-си.…

September 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Општество кое има сигурни и безбедни новинари е демократско општество

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (04.11.2024) во Клубот на новинари учествуваше на заедничка прес конференција организирана од Здружението…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Фондацијата Конрад Аденауер е амбасадор на демократската идеја

Фондацијата Конрад Аденауер е амбасадор на демократската идеја. Таа е сведоштво дека вредностите можат да патуваат преку граници, преку генерации…

May 27, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?