strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски: Во енергетиката имаме исклучиво пазарно ориентирани инвестиции во интерес на граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Во енергетиката имаме исклучиво пазарно ориентирани инвестиции во интерес на граѓаните
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Во енергетиката имаме исклучиво пазарно ориентирани инвестиции во интерес на граѓаните

Објавено July 28, 2025 14:26
strana.mk
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со планот на Владата за тоа како Македонија ќе стане енергетски независна држава, бидејќи често се зборува за инвестиции во енергетиката, изјави:

„Јас можам да кажам дека оваа година очекувам дека вкупното производство на електрична енергија кај нас, дома ќе биде еднакво на потрошената. Тоа не значи дека во одредени периоди нема да увезуваме – да, ќе увезуваме, но во одредени периоди ќе извезуваме. И кога сето тоа ќе се собере, одземе, тогаш ќе дојдеме до една бројка којашто ќе биде избалансирана, уште оваа година ќе биде така. Претпоставувам дека јавноста е сензибилизирана, од страна на опозицијата и се поврзува со Меморандумот за разбирање што го потпишавме со турската компанија „АКСА“ за инвестиција во вредност од една милијарда евра. Бидејќи така беше и за „Алказар“ – тврдеа дека ќе имале повластена цена, не знам ваква компанија, таква компанија. Нити видовте има повластена цена, нити има било какви бенефиции компанијата. Во рок од една година, компанијата стави камен-темелник на својата инвестиција која ќе биде половина милијарда долари. Тоа за претходната Влада беше научна фантастика. Таму, се сеќавате, се нудеа даночни олеснувања за инвеститори, загарантиран откуп на топлинска, на електрична енергија, итн.“.

Како Влада нагласи премиерот дека се проговара исклучиво за пазарно ориентирани инвестиции.

„Ние преговараме исклучиво за пазарно ориентирани инвестиции. Да, како Влада, институционалниот ризик ќе го преземеме, да олесниме. Нема како во минатото мито да се бара, нема вештачки препки да се ставаат во рамките на администрацијата за да се почасти некој. Тоа нема да се случи. Затоа работите одат брзо и ефикасно – така ќе биде и со компанијата „АКСА“. Сега, дали сите сакаме гасификација? Сите велеа, сакаме гасификација. Сакаме почист воздух. Ние рековме: ќе треба време. Не може ова преку ноќ. Ќе треба време. Еве, почнуваме тоа да го правиме. Еве почнуваме тоа да го правиме да обезбедуваме инвестиција милијарда евра инвестиција. Топлина ќе произведуваат, ќе се произведува електрична енергија. А сега тоа не им чини. Зошто? Затоа што Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата направи нешто што за нив беше научна фантастика во минатото. Тие шетаа наоколу и нудеа бенефиции, ама играа пола-пола. Така играа – пола за овој и затоа никој не инвестираше. Сега се ова исклучиво пазарно ориентирани инвестиции, без ниту еден цент повластувања од страна на Владата. Не треба веќе да се оди повеќе – нити во Мала Речица, нити да се оди горе на Бихаќка. Па пола таму, пола ваму. Овде си е пазарно ориентирана инвестиција. Не треба да се купуваат трговски центри. Не треба да се купуваат скапи „Мајбах“ автомобили. Не треба да се купуваат скапи дуќани во центарот на градот. Ништо не треба, само да се инвестира за доброто на граѓаните. Ете тоа е разликата меѓу овие што сега од опозиција критикуваат, а седум години единственото нешто што го правеа беше криминал и барање мито – и оваа Влада, која гради. Тоа е разликата“, објасни Мицкоски.

TAGGED:енергетикаинвестициихристијан мицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Заладувањето доаѓа попладне
Следна статија Европа тргна против „Тему“: Се продавале нелегални и несоодветни производи

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Од полноќ: Намалување на цените на горивата

Од полноќ се намалуваат цените на горивата од еден до два денари. Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за…

October 21, 2024
ЕКОНОМИЈА

Донесена е регулатива за операционализација на Законот за решавање банки

Советот на Народната банка донесе 12 одлуки со кои се заокружува регулативната рамка за решавање банки, со што се обезбедува…

March 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

За 50 проценти се намалуваат царините за околу 70 стоки: Олеснување има и за литиум-јонските батерии

На предлог на Министерството за финансии, Владата вчера на седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за Царинската тарифа…

May 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Олаф Шолц: Разговаравме за потребата да се вреднуваат нашите напори кон патот на ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со канцеларoт на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц. -Разговаравме за економијата, политичките случувања, за потребата…

October 14, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?