strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски: Во преговори сме со инвеститори за капитален развој за проекти во висина од 5 до 6 милијарди евра, пруги, болници, ски центри
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Во преговори сме со инвеститори за капитален развој за проекти во висина од 5 до 6 милијарди евра, пруги, болници, ски центри
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Во преговори сме со инвеститори за капитален развој за проекти во висина од 5 до 6 милијарди евра, пруги, болници, ски центри

Објавено April 24, 2025 14:52
strana.mk
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите?“ вели дека се преговара за инвестирање на 5 до 6 милијарди евра за капитални проекти во локални, регионални и експресни патишта, инвестициски бран во здравството за изградба на клинички центри и болници, како и пруги и ски центри.

„Во периодот кој што следи убеден сум дека успешно ќе испреговараме и ќе заокружиме инвестициски план помеѓу 5 и 6 милијарда евра кои што ќе се случат во Македонија. И откако ова ќе го заокружиме позитивно сакам да седнам со Стопанските комори и отворено да поразговараме дали ние имаме капацитет да сето ова го реализираме. Јас сум убеден дека имаме, но ни треба добра организација“, нагласи премиерот Мицкоски.

„И сега ќе се обидам, нормално во интерес на преговорите и процесот да ги потенцирам вредностите и проектите, а многу скоро во следните не повеќе 2 месеца ќе биде сето ова во јавноста објавено и точно ќе се знае од каде и што. Но, целта моја лична и на владата беше да се направи овој инвестициски бран, ќе се сложите ако нашиот БДП е условно кажано некои 16, 16, 5 милијарди проектиран номинален, ова претставува би рекол од 35 до 40 проценти од нашиот БДП. Помеѓу половина милијарда и една милијарда се средства кои што ќе финансираат проекти за изградба на локални, регионални и експресни патишта. Дел од нив ќе бидат модернизирани односно реконструирани, дел ќе бидат изградени, затоа велам помеѓу половина милијарда и милијарда. Се преговараат условите итн. И тоа нема да биде нов долг, бидејќи ќе расте БДП, бидејќи во градежништвото парите три пати се вртат најмалку, и нема да биде нов долг, односно номинално ние може да го намалиме долгот“, додаде тој.

„Вториот проект е конечна изградба на Клиничкиот центар Штип, болницата во Кичево, проект од 90-тите. Кога излеговме на терен со луѓето констатираа дека подобро на друга локација да го изградиме, отколку на таа, бидејќи темелењето е различно, се е веќе различно. Значи поскапо е да се прави таму, да се реконструира постојниот кој е оставен 25 години да скапува, отколку нов. Реконструкција на Клиничката болница Тетово, операционите сали и два други оддели и пруга условно кажано би рекол брза која што ќе биде дел од коридорот 10 во која што возовите патнички одлучивме поради цената, иако сакавме да биде над 200 километри на час, но одлучивме поради цената да се движат по 160 споредбено со сегашните 30, 40, а карго 110. И овој бран ќе биде 2,3 и 2,5 милијарди евра инвестиција.

Значи половина милијарда до милијарда локални, регионални и експресни патни правци, инвестиции во здравство Клинички центар во Штип, болница во Кичево и реконструкција на тетовска болница, брза пруга коридор 10 Табановце-Гевгелија. Ова е проект кој ќе натфрли помеѓу 3 до 3,5 милијарди евра“, посочи претседателот на Владата Мицкоски.

Премиерот Мицкоски истакна дека по основ на овие проекти ќе се зголеми БДП, а ќе се намали јавниот долг.

По основ на овие проекти јавниот долг нема да оди нагоре, а БДП надоле. Напротив обратен процес ќе предизвика бидејќи ова се капитални инвестиции кои ќе ја покренат градежната оператива и ќе три до четири пати ќе ги завртат парите. Тука по основ на овие проекти БДП ќе оди нагоре, а јавниот долг ќе оди надоле, нагласи тој.

Бевме во Обединетите Арапски Емирати. Имав состаноци на високо ниво, се сретнав со претседателот на Емиратите. Се сретнав и со врвната бизнис заедница и врвните компании кои што функционираат надвор од Емиратите. Сите тие во мај или во јуни, треба да прецизираме, доаѓаат тука. Проектите за кои што разговараме се проекти на постоечки локации веќе изградени во Охрид, односно откуп од сопствениците, две нови локации, но поради ограничувањето од УНЕСКО, не можат да го видат својот полн капацитет, мораме да го пазиме тоа, Попова Шапка ски центарот, локацијата кај касарната за лендмаркс објект кој што ќе биде не само лендмаркс само за Скопје, туку би рекол  регионот, Чебрен и Галиште, но и друг тип на објекти како што се нови соларни и ветерни централи се проекти за кој што веќе има follow up од нашата посета, и веќе се разменуваат со институциите од тука податоци. Очекувам од овој инвестициски бран помеѓу 2 и 3 милијарди евра за Македонија, дециден е Мицкоски.

TAGGED:болнициинвестициикапитален развојмицкоскипроектипруги
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија ОЈО ГОКК: Сузбиени две криминални групи – уапсени 23 лица, 49 под истрага за злоупотреба на постапките за инвалидски пензии
Следна статија Министерство за култура и туризам: Исплата на платите е во тек и ќе заврши денеска

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Крис Павловски за Мицкоски: Еден од најдобрите лидери во Европа

Крис Павловски, основач и сопственик на платформата „Rumble“ и еден од блиските поддржувачи на претседателот на САД Доналд Трамп и…

February 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нема зголемување на старосната граница за пензија и на давачките, фокусирани сме на политики за намалување на сивата економија, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА нагласува дека немаат намера да ја зголемуваат старосната граница за заминување во…

January 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Заврши претресот по Дополнетиот Предлог-буџет за 2025 година

Собранието попладнево на пленарна седница го заврши претресот по дополнетиот Предлог-буџет за 2025 година. Според најавите, седницата треба да продолжи…

December 10, 2024
ЕКОНОМИЈА

Анализа: За граѓаните и за фирмите, олеснување на кредитните услови, каматите во пад

Банкарската 2024 та ќе заврши со олеснување на условите за кредитирање и зголемена побарувачка на кредити и од граѓаните и…

November 26, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?