strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски: Да се воведат механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за остварување на колективната и заедничка цел
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Да се воведат механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за остварување на колективната и заедничка цел
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Да се воведат механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за остварување на колективната и заедничка цел

Објавено April 5, 2025 11:30
strana.mk
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкски денеска се обрати пред членовите на постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО каде истакна дека ова е од особена важност за нашата држава, бидејќи како полноправна членка на НАТО, ја имаме честа да бидеме домаќини на ваков значаен настан.

Пред само неколку недели, нашата нација беше погодена од трагедија која остави длабоки рани во срцата на нашите граѓани. На 16 март, во пожар во ноќен клуб во Кочани, животите ги загубија 59 млади луѓе, а над 150 беа повредени. На огромна жал вчера животот го загуби и Александар Карадаковски. Лекарите се бореа до последниот момент да го спасат неговиот живот. Битката продолжува.

Оваа несреќа не само што ни покажа колку е кревок животот, туку и ја истакна важноста на солидарноста и меѓусебната поддршка.

Во тие тешки моменти, сведочевме на вистинска солидарност од нашите сојузници и партнери. Девет европски држави понудија помош на нашата земја веднаш по трагедијата во Кочани. Европската унија, пак, преку механизмот за цивилна заштита, координираше медицински евакуации на повредените до специјализираните болници во регионот.

Оваа трагедија ни покажа дека солидарноста не е само збор, туку дело што ги поврзува народите. Таа е темелот на нашата Алијанса-принцип што не води во заедничките напори за зачувување на мирот и безбедноста.

Солидарноста значи дека кога еден од нас страда, сите страдаме.

Кога еден е во неволја, сите притрчуваме на помош.

Во изминатите пет години од нашето членство во НАТО, активно придонесувавме кон колективната безбедност и стабилност на Алијансата.

Нашите вооружени сили учествуваа во НАТО мисиите во Косово и Авганистан, демонстрирајќи ја нашата посветеност кон заедничките цели. Ја зголемивме одбранбената потрошувачка со јасен план да постигнеме резултат којшто ќе биде поголем од 2% од нашиот БДП, со што ја зајакнавме способноста да придонесеме кон колективната одбрана. Преку организација на вежби за цивилна подготвеност и придонес во НАТО Фондот за одговор на пандемии, покажавме дека сме подготвени да преземеме одговорност и во мир и во криза.

Во изминатите пет години, значително ја подобривме интероперабилноста на нашите вооружени сили со оние на другите сојузници.

Преку учество во заеднички вежби, нашите војници стекнаа искуство и знаење што ја подобри нивната ефикасност во мултинационални операции. Интеграцијата во НАТО системите за воздушна и ракетна одбрана овозможи подобро споделување на информации и координација т.е. суштинска компонента на модерната безбедност.

Во духот на нашата заложба за целосна интеграција, спроведуваме темелни реформи во одбранбениот сектор.

Работиме на подобрување на стратешкото планирање, цивилната контрола врз армијата, модернизацијата на опремата и транспарентноста во управувањето со одбранбените ресурси.

Обуките се одвиваат според НАТО-доктрини, а новите институционални механизми нè прават поотпорни на хибридни закани. Сето тоа е одраз на нашата политичка волја и консензусот дека безбедноста и интегритетот на државата се врвен приоритет.

Иако сме горди на постигнатото, свесни сме дека патот не завршува тука.

Хибридни и сајбер закани, дезинформации, климатски кризи-сите тие бараат постојана адаптација и координација.

Продолжуваме да инвестираме во човечки капитал, дигитална отпорност и капацитети за брза реакција. Но најважно од сè-остануваме доследни на вредностите кои нè обединуваат: демократијата, слободата, владеењето на правото и солидарноста.

Регионалната соработка е клучна за стабилноста на Балканот. За нас тоа претставува одговорност и прилика да биде мост-меѓу народи, меѓу институции, меѓу визии.

Преку иницијативи како Јадранската повелба и билатерални партнерства со соседните држави, вложуваме во безбедност што не познава граници.

Веруваме дека Балканот може и треба да биде пример за решавање на разлики преку дијалог и заемна почит.

Нашата татковина во многу наврати ја докажа својата солидарност со останатите држави во светот. И во својот трнлив пат до целта направи многу отстапки, многу одрекувања, и многу од нив наидоа на дебата кај граѓаните, некои внесоа оправдано сомневање, но истраавме и ја покажавме својата лојалност кон вредностите кон кои и понатаму веруваме.

Од друга страна не секогаш го добиваме она што го очекуваме, и таквата лојалност спрема нашите заложби се исполнувала.

Тоа е чувството кое го има секој еден кон нас и секој еден граѓанин.

Мислам дека е важно да се знае ова, ниту пак треба да се скрие ова горко чувство кај секој еден Македонец, каде и да се наоѓа во светот.

Пријатели си помагаат, но и пријатели искрено си ги кажуваат своите чувства и забелешки. Сметам дека треба да се размисли и за воведување на механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за остварување на колективната и заедничка цел. Ако ние сите заедно ја чуваме куќата, тогаш и заедно имаме право да си ги кажеме нашите проблеми, разочарувања и очекувања. Ние ќе останеме лојален партнер, и заедно и посветено ќе работиме кон остварувањето на колективните цели.

Сосема на крај,

Предизвиците се менуваат, но нашата заедничка решителност мора да остане цврста.

Нека трагедијата во Кочани ни биде потсетник дека човечноста, солидарноста и заедништвото се најсилното оружје што го имаме.

Нека ова ни биде дополнителна обврска, да бидеме подобри, поблиски и побезбедни, заради граѓаните кои ни ја дале честа да ги водиме“, вели Мицкоски.

TAGGED:мицкоскиНАТОСобрание
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Рубио планира посета на Западен Балкан
Следна статија Бостон: Повеќе медицински сестри од исто болничко одделение добиле тумори на мозокот

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Вложуваме во здравствениот систем, набавивме магнетна резонанца и друга апаратура за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на Универзитетската клиника за хируршки…

November 20, 2025
Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Бесим Мемеди, денеска, на Клиниката…

August 5, 2025

Се огласи Дурловски по случувањата на настапот на Аца Лукас во Кавадарци

Во држава која и понатаму се…

November 23, 2025

(ВИДЕО) Елмас со јубилеј, 200 натпревари во дресот на Наполи

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас синоќа…

November 23, 2025

Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Драматично обраќање на Зеленски: Ова се најтешките моменти во нашата историја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред малку…

November 21, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Нов марш во Кочани: „Џабе стоиме, они се во апартманите во Грција“

Попладнево низ улиците на Кочани, родителите на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“, организираа нов протестен марш, со кој уште…

July 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани

Во близина на струмичко Костурино и дојранското село Црничани постоеле неолитски населби стари осум милениуми. Ова го потврдија и геомагнетните…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во време кога Скопје се дави во ѓубре, што сработи синот на Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги од Комунална хигиена?

Што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги кои ги добива од Комунална хигиена, во време…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Го заживуваме комплексот „Македонско село“ каде скопјани и останатите туристи ќе можат да избегаат од градскиот метеж

Претпоставувам дека новата тогашна власт-Социјалдемократскиот сојуз одлучиле она што го направила претходната влада да не функционира, како селото така и…

January 24, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?