вечената академија не е место за испраќање такви политички пораки, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан како го оценува синоќешниот говор на Милорад Додик, претседател на Република Српска, на настан во Скопје по повод празникот на српската заедница во државава – Свети Сава.
За говорот со анти-ЕУ и анти-НАТО пораки, во кој Додик го негираше и геноцидот во Сребреница, претседателот на Владата рече оти не очекувал „дека ќе го злоупотреби тој настан со испраќање такви пораки“.
-Во делот на содржината на говорот којшто се однесува на анти ЕУ, анти НАТО и слично, категорично го отфрлам и апсолутно не се сложувам. Навистина не очекував дека ќе го злоупотреби тој настан со испраќање такви пораки бидејќи тоа, сепак, беше свечена академија, а не место каде што се упатуваат ваков тип политички пораки, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.
„Да живее Македонија, да живее Србија, да живее Република Српска и да живее братска Русија.“, порача Милорад Додиќ, лидерот на босанските Срби во театарот во Скопје, по повод чествувањето на српскиот национален празник „Свети Сава“. Додик го фалеше рускиот претседател Путин.
„Путин и раководството направија сѐ за да ги одбранат руските национални и државни интереси во вистински момент.“, вели Милорад Додик.
Потоа, го негираше геноцидот во Сребреница и испрати анти-НАТО и анти-ЕУ пораки.
„Што остана од Европа? Некакви вредности? Кои вредности? Каде се?“, вели Милорад Додик.