strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски: За 100 дена реализиравме, донесовме или отпочнавме над 100 проекти, мерки и одлуки
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: За 100 дена реализиравме, донесовме или отпочнавме над 100 проекти, мерки и одлуки
ПОЛИТИКА

Мицкоски: За 100 дена реализиравме, донесовме или отпочнавме над 100 проекти, мерки и одлуки

Објавено October 1, 2024 19:08
Strana
Сподели
Сподели

Првите 100 дена од изборот на новата Влада не беа лесни, но беа клучен период во кој многу работи станаа јасни – каде сме и каде треба да одиме и што е потребно за да стигнеме таму. Но, најважно покажавме дека сме одлучни и посветени да се справиме со предизвиците без разлика на опструкциите со кои се среќаваме и проблемите и стапиците што се поставени пред нас, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Како што истакна на денешната прес-конференција во Владата за одбележување на првите 100 дена од работата на новата Влада, наследената состојба била многу полоша отколку што кој било очекуваше, а состојбите се далеку од идеални. За 100 дена, нагласи, реализиравме, донесовме или отпочнавме над 100 проекти, мерки и одлуки важни за граѓаните.

Колку повеќе знаеме дека состојбата е пооптоварувачка отколку што очекуваме, нашата решителност станува поцврста. Наследивме потрошен годишен буџет за само шест месеци. Држава од која младите се иселуваат, 600 илјади кои живеат само со 150 денари на ден и многу други горливи проблеми. Но, тоа само ги засили нашите ангажмани и мотивираност да ги исправиме и да излеземе на правиот пат. Денешната цел е недвосмислена – 100 проценти посветеност кон реализација на проектите и исполнување на ветувањата, рече Мицкоски.

Овие 100 дена, како што кажа, не беа лесни, но беа само почеток.

Нашата примарна задача и фокус беше да ги стабилизираме финансиските текови, да ги затвориме буџетските дупки и да се справиме со дефицитите и хаосот оставени од претходната влада. Работиме на враќање на долговите, затворање на задолженоста на институциите и јавните претпријатија и имплементација на конкретни мерки во даночната и социјалната политика. Подготвуваме и екипиравме институции, договараме инвестиции кои се значајни за нашата економија и кои ќе отворат многу нови работни места, и работевме и подготвуваме стотици нови проекти, посочи Мицкоски.

Се грижиме, додаде, за сите, за најмладите, за нивното образование и за старите со првата половина од зголемување на пензиите и други нови проекти што ги планираме.

Не ги забораваме ни земјоделците, ниту работниците, ниту наставниците и професорите, ниту лекарите. Обезбедивме за првпат бесплатни учебници за сите на време после долго време. За пасоши и лични документи нема редици, покачивме пензии, исплативме долгови и заостанати плати. Секој ден се обидуваме да покажеме дека делуваме, дека сме присутни со активности, но и да донесеме по некоја нова мерка и се обидуваме да се подобриме, да покажеме дека може поинаку и може подобро, рече Мицкоски и нагласи дека со поддршка на општините се обидуваат да ја развиваат државата и да обезбедуваат проекти кои ќе подобрат нешто.

Потсети дека за само 100 дена новата влада преку линеарното покачување на пензиите овозможи повисоки пензии за над 330 илјади пензионери, нови странски инвестиции, поевтини катастарски услуги, поевтини лекови преку проширување на позитивната листа, највисока откупна цена за винското грозје, ограничена маржа за над 70 прехранбени производи, …

Следуваат многу повеќе проекти, мерки и реформи за кои ќе работиме со целата наша енергија, со целото наше срце. Следуваат нови инвестиции, ценовни намалувања, одлуки за инвестиции, но и мерки за младите, и можам да кажам дека даноците ќе се намалат. Во наредните четири недели очекувајте одлука за дополнително намалување на даноците со што ќе станеме држава со најниски даноци во Европа, вети Мицкоски.

TAGGED:100 дена владахристијан мицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија МОН ги објави конкурсите за ученички стипендии, електронското аплицирање трае до 15 октомври
Следна статија (ВИДЕО) Иран лансираше речиси 200 проектили кон Израел

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Под притисок на Вучиќ, жена јавно кажа дека не е биолошка мајка на детото што го чува

За време на посетата на српскиот…

February 21, 2026

(ВИДЕО) Нема компромис со криминалот- Мицкоски и Тошковски покажаа дел од запленетата марихуана

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски…

February 10, 2026

(ВИДЕО) Кадриу: СЈО беше штаб на СДСМ – Шекеринска и Заев на рака даваа материјали на обвинителите, без записник

Екс-обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лејла…

February 8, 2026

(ВИДЕО) Мараја Кери спектакуларна на отворањето на ЗОИ, „Volare“ во сосема нова изведба

Пејачката Мараја Кери знае како да…

February 7, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Ова е нашата визија, Македонија на дела, а не на изговори

Денеска присуствував на пуштање вo употреба на дел од автопат Кичево – Охрид, ова е силен доказ дека Македонија се…

September 7, 2025
НАСЛОВНИПОЛИТИКА

Мицкоски: Не сум во преговорите со Бугарија само колку да се учествува, туку да се избориме, Делчев за мене е титан на македонската борба

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Само интервју“ на „Канал 5“ телевизија, говорејќи за преговорите со Бугарија,…

October 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на Конференцијата CPAC во Вашингтон

-Обраќање на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) во Вашингтон, пишува во својата објава на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.…

February 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Велешка „Питијада 2024“ е настан кој ја прославува богатата култура и гастрономија

Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави дека присуствувал на Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2024“ кој…

October 11, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?