strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски: Македонија се сака и почитува со дела, ние не даваме празни ветувања, ние градиме
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Македонија се сака и почитува со дела, ние не даваме празни ветувања, ние градиме
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Македонија се сака и почитува со дела, ние не даваме празни ветувања, ние градиме

Објавено May 3, 2025 20:53
strana.mk
Сподели
Сподели

 Политичарите кои имаат визија, кои гледаат во иднината и кои градат вакви дела, ќе бидат запамтени и никогаш нема да излезат од колективната меморија на својот народ. Ние не даваме празни ветувања, ние градиме. Само така, со дела, може да се сака и почитува Македонија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски кој присуствуваше на поставувањето камен-темелник за изградбата на автопатот Тетово – Гостивар.

Мицкоски во обраќањето испрати три пораки: дека како држава сме можеби единствените што имаат потенцијал да бидат дел од пан-европски коридори, дека градоначалниците, независно од политичката припадност покажаа исклучителна посветеност, аплицирајќи на владините повици со голем број инфраструктурни проекти, како и дека квалитетот на животот на граѓаните останува клучен приоритет на Владата.

Според него, денес, како никогаш порано, државата е едно големо градилиште.

-Денес, од овде, од срцето на Полог, го испраќаме најсилниот одговор на сите скептици и на сите што со години зборуваа, а ништо не направија: ние не ветуваме напразно, ние градиме. Почнуваме еден од клучните инфраструктурни проекти, новиот автопат Тетово – Гостивар, во должина од 18 километри. Овој пат ќе го возат и ќе го користат и Македонци и Албанци и Турци и Срби и Власи и Роми и Бошњаци и други националности, туристи кои ќе се упатуваат до нашите планински бисери, до нашите езерски бисери како Охридското езеро. Тоа е иднината на нашата заедничка татковина Македонија која сите ја сакаме и почитуваме, но со дела. Само со дела можеме да ја сакаме и можеме да ја почитуваме, истакна Мицкоски.

Според него, оваа Влада денес гради иднина и сака да проектира што ќе биде во 2027-та, 2028-та, 2030 година.

-Првата работа што сакам да ја кажам денеска е дека како земја која, за жал, не излегува на море, секогаш кога разговаравме во рамки на Владата ни беше предизвик да изнајдеме која е нашата стратешка предност во однос на сите земји во регионот, но не и само во регионот, туку и пошироко во Европа, и тогаш многу едноставно дојдовме сите заедно до еден заклучок,дека како држава сме единствените можеби коишто имаат потенцијал да бидат дел од пан-европски коридори. Првиот е овој од кој денеска се обраќаме – Коридорот 8, вториот е Коридорот 10. Коридорот 8 што ги поврзува Јонското и Јадранското море со Црното море, Коридорот 10 што го поврзува во овој дел од Европа, средоземјето со Централна Европа, но и Коридор 11 што поминува во нашето источно соседство. Со една отсечка што ќе ги поврзува Коридорот 10 и Коридорот 11, стануваме земја која ќе биде директно поврзана со сите пристаништа во овој дел на Европа и ќе биде значајна алка на она за што зборуваше и почитуваната амбасадорка на САД, Агелер, а тоа е значајна алка на јужното крило на најголемата алијанса во човештвото, а тоа е НАТО Алијансата. И Затоа, кога градите патишта, булевари, водоводни инсталации, канализации, училишта и градинки, градите иднина, подвлече премиерот.

Оваа Влада, дополни Мицкоски, не гради само автопати, туку и многу локални, регионални и магистрални патишта, експресни, училишта, градинки.

-Втората моја порака е да се заблагодарам на сите општини без разлика дали градоначалникот, дали е од редовите на владејачките партии или опозицијата или се независни кандидати, да се заблагодарам за нивната посветеност и тоа што сите општини повторувам се одзваа на вториот повик на Министерството за локална самоуправа и поднесоа проекти во вкупна вредност од речиси 16 милијарди денари со бројка поголема од деветстони проекти. Тоа е многу голема работа на администрацијата, тоа е многу посветеност од страна на градоначалниците и јас им честитам. И ние како Влада ќе продолжиме да ги финансираме овие проекти зашто денес како никогаш порано државата е едно големо градилиште. Замислете, во еден момент на повеќе од 1 200 локации ќе се гради. Кажете ми кога вон историјата се случувало тоа во оваа наша заедничка татковина? На повеќе од 1 200 локации ќе се гради, истакна Мицкоски.

Тој потсети дека зимоска, како во ниту една земја од регионот, се пуштија три големи и конструктивни градежни проекти.

-Едниот којшто го поврзува центарот со истокот на земјата и е дел од Коридорот 8 којшто завршува до Крива Паланка, вториот е којшто го поврзува центарот на државата, експресниот пат којшто ги поврзува Градско со Прилеп и ќе ве потсетам првата делница од пругата која треба да ја поврзе Македонија со нашиот источен сосед и којашто претставува историски, стратешки проект дел од Коридорот 8, а којшто е еден од најважните два коридори коишто имаат приоритет на НАТО Алијансата и за којшто за време на НАТО Самитот во јули минатата година во Вашингтон министрите за одбрана на земјите членки коишто се дел од овој регион потпишаа договор дека ќе биде нивен приоритет., нагласи Мицкоски.

Премиерот се осврна и на последната, трета порака која, како што рече, се однесува на владиниот фокус – додадена вредност на квалитетот на живот на граѓаните. Изрази благодарност до сите што придонесоа за реализација на автопатот Тетово – Гостивар.

Според најавите, автопатската делница Тетово – Гостивар е долга 17,5 километри, а ќе чини околу 90 милиони евра. Се предвидува да биде готова за две и пол години. Прoeктот предвидува шест сообраќајни ленти, три во секој правец, две возни ленти и една за застанување, како и девет натпатници од кои осум за поврзување на локалните патишта, како и еден за новата клучка во Општина Боговиње и Општина Врапчиште и реконструкција на клучката за излез од Тетово.

TAGGED:христијан мицковски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Стресот на работа убива побрзо од цигарите? Нова студија открива несекојдневни податоци
Следна статија (ВИДЕО) Бомбата направена во изнајмен стан преку Airbnb, полицијата трага по помагачите на 38 годишната жена

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən ənənələr

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən…

March 10, 2026

Master essential tips and tricks for a successful casino experience

Master essential tips and tricks for…

March 10, 2026

Mastering casino strategies Essential tips and tricks from chicken road casino

Mastering casino strategies Essential tips and…

March 10, 2026

Mythos & Millionen Spiele gates of olympus und ergreife deinen Anteil am göttlichen Reichtum.

Mythos & Millionen: Spiele gates of…

March 10, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски од Валенсија: Македонскиот народ заслужува фер третман и почит за својата посветеност на европскиот пат

Голема чест беше да се обратам на Конгресот на ЕПП, меѓу лидери посветени на слободата, демократијата и одговорното владеење, рече…

April 30, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Оставката на претседателката на Антикорупциска Димитровска утрово доставена во Собранието

Претседателката на Антикорупциска Татјана Димитровска поднела оставка утрово во Собранието, потврди за Телма нејзиниот адвокат Владимир Туфегџиќ. Во оставката се…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Законот за правична застапеност обезбедува професионализам и компетентност на сите граѓани во Македонија

Законот за правична застапеност обезбедува професионализам и компетентност на сите граѓани во Македонија, изјави премиерот Христијан Мицкоски по денешната посета…

June 25, 2025
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Македонија со царина од 15 отсто – Tрамп ги објави стапките за земјите од светот

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово по македонско време објави нови царински стапки. Македонија, доби стапка од 15 отсто, идентична…

August 1, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?