strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа- Македонија мора да добие извесност во напредокот кон ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа- Македонија мора да добие извесност во напредокот кон ЕУ
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа- Македонија мора да добие извесност во напредокот кон ЕУ

Објавено February 15, 2025 23:41
strana.mk
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки на Минхенската безбедносна конференција. Тој говореше за новите предизвици кои се исправаат пред НАТО, за плановите на Македонија во областа на енергетиката, како и за идните односи во Европа. 

Како што соопштија од владината прес-служба, премиерот Мицкоски посочил дека воопшто не е изненаден од говорите на Минхенската безбедносна конференција и одредени промени на „ветриштата кои дуваат”.

– Кога зборуваме за НАТО не заборавајте дека мојата држава  за да стане член на НАТО, го промени името. Кога се зборува за откажувања и за двојни стандарди не треба да заборавиме на ова. Нашата посветеност за НАТО не може да се доведе во прашање, со многу страдање и понижувања станавме членка на НАТО, рекол премиерот Мицкоски и дополнил дека не е изненаден од последните случувања и најави на американската администрација.

Мицкоски посочил дека кога се говори за двојни стандарди во политкиката треба да се има предвид македонското прашање, затоа што две декади кандидатскиот статус не може да се претвори во членство заради вештачките прашања кои се отвораат.

– Ги слушнав гласините во Минхен, за мешање во внатрешните прашања, но кога го менувавме нашето знаме, кога ја менувавме валутата или кога го менувавме нашето уставно име, што беше тоа? Не ли беше тоа мешање во внатрешните работи и зошто тогаш никој гласно не говореше. Дури и сега се соочуваме со барање за менување на уставот пак, доколку сакаме да почнеме преговори со ЕУ. Што е тоа? Зарем не е тоа мешање во внатрешните работи, запрашал Мицкоски, се наведува во соопштението.

Ние сме дел од Европа, нагласил, и сакаме да ги аплицираме европските вредности. Но она што се случува е нешто што е комплетно различно.

– Ние сме сведоци на тн “балканизација на Европа“, наместо “европеизација на Балканот“. Некои балкански земји членки ги донесоа балканските спорови и балканските вредности во Брисел, наместо да е обратно.  Вие рековте дека Русија го негира украинскиот идентитет, јазик, црква, ужасна инвазија која беше многу погрешна во 21 век, но во исто време парламентот на една од најмладите членки на ЕУ го негира македонскиот идентитет, македонскиот јазик кој е официјален јазик на ООН од 1945 и е меѓународно кодификуван од 1977, тогаш за што зборуваме? Зошто сите молчат тогаш, потенцирал Мицкоски и посочил дека Македонија мора да добие извесност на својот пат кон ЕУ.   

Во врска пак со енергетските планови и Македонија како крстосница додал дека ова изгледа како визија за иднината на Северна Македониј,а која има огромен потенцијал. Да се биде копнена земја може да се смета за недостаток, но вашиот пристап, како што стои во соопштението, да ја искористите географската положба преку Коридорите 8 и 10 е многу стратешка.

Коридорот 8, кој ги поврзува Црното Море со Јадранското Море, е критичен не само за економијата туку и за НАТО, бидејќи создава силна транспортна оска од Исток кон Запад. Истовремено, модернизацијата на Коридорот 10 може да го промени начинот на кој суровините и производите патуваат низ Европа, намалувајќи ја зависноста од далечни пристаништа како Ротердам и Хамбург. Ако пристаништето во Солун стане клучна точка за транспорт, Македонија ќе добие значителна економска и геополитичка предност, се вели во соопштението. 

TAGGED:минхенМицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Германскиот автомобилски гигант укинува 1.900 работни места: Финансискиот директор прв доби отказ
Следна статија МЗТ го освои 13-тиот трофеј во Купот на Македонија

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто ни се приспива околу 14 часот?

Ако сте меѓу оние кои секој ден околу 14 часот чувствуваат потреба…

June 23, 2025
Препораки за претстојниот топлотен бран

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални…

June 23, 2025

Мицкоски: Над 200 милиони евра инвестиции во македонското здравство 

Претседателот на Владата на Република Македонија,…

June 25, 2025

Сиљановска-Давкова имала пријатен разговор со Жељазков во Хаг, но е изненадена од амандманите на бугарските европратеници на извештајот на Вајц

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е изненадена од…

June 25, 2025

Иранско-израелскиот прекин на огнот се почитува, претставник на Трамп вели дека разговорите со Иран се „ветувачки“

Прекинот на огнот постигнат со посредство…

June 25, 2025

Туфегџиќ: Зошто по секоја цена се инсистираше Александар да биде дел од оваа постапка?

По денешната ослободителна пресуда за обвинетиот…

June 25, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Арсовска излезе на терен за да спречи градење на дивоградба во Чаир, се расправа со работници и газди (ВИДЕО)

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, излезе на терен со половина од функционерите на градот, за да провери на едно градилиште…

May 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за Груби: Сите бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат со фактите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги повика сите бегалци од правдата да се вратат во земјава и да се соочаат со…

January 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бројни поплаки: Граѓани рано утрово останаа без електрична енергија

Утрово после 5 часот бројни граѓани реагираа на социјалните медиуми и до медиумите дека речиси два часа останале без електрична…

May 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кирков: Една седница нема да ги реши дивоградбите кои ДУИ ги гради 20 години, Данела да не прави театар

Една седница нема да ги реши дивоградбите кои ДУИ ги гради 20 години, Данела Арсовска да не прави театар, истакна…

June 3, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?