Пораката од Берлин е дека Германија останува наш силен поддржувач, наш сојузник и партнер во евроинтеграциите, порача премиерот Христијан Мицкоски.
-Многу јасно ги презентирав приоритетите на Владата, во делот на економијата, но и на енергетскита, патната и железничката инфраструктура. Во делот на евроинтегративните процеси го презентирав ставот на Владата, заслужуваме да ги почнеме процесите безусловно и да ги покажеме нашите капацитети, посочи тој.
Премиерот од Берлин порача:
„Нашата политика е дипломатија во којашто ќе ги браниме интересите на нашите граѓани и држава, а истовремено ќе работиме со нашите партнери“.