strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски на средба со Марта Кос, планот за раст главна тема
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски на средба со Марта Кос, планот за раст главна тема
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски на средба со Марта Кос, планот за раст главна тема

Објавено June 30, 2025 17:32
strana.mk
Сподели
Сподели

 Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска пристигна во посета на земјава по повод учеството на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан на која ќе се разговара за Планот за раст. Во Владата ја пречека премиерот Христијан Мицкоски, со кого е предвидено да одржат тет – а – тет средба по што ќе следи и билатерална средба со останатите делегации. 

На Меѓународниот аеродром во Скопје таа беше пречекана од шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, кој и посака срдечно добредојде.

-Попладнево, во пресрет на утрешниот Самит на лидерите од Западен Балкан, имав чест да ја пречекам на скопскиот аеродром еврокомесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос. Евроинтеграциите не се само декларативна заложба, туку и јасна стратешка определба на Владата. Пред нас е исполнета агенда – денеска, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе оствариме средба со еврокомесарката. Утре, на состанокот на лидерите од ЕУ и Западен Балкан, фокусот ќе биде ставен на Планот за раст, реформската агенда, како и на предизвиците со кои се соочуваат нашата држава и регионот на патот кон полноправно членство во Европската унија, објави на неговиот официјален фејсбук профил Муцунски. 

На лидерската чиј формален дел ќе започне утре најавено е присуство на лидерите од Западен Балкан, како и на министри, високи претставници од Европската унија, регионални организации и меѓународни институции. 

Во рамки на лидерската средба утре ќе се одржат два панела од кои првиот ќе биде посветен на Планот за раст на Западен Балкан и на него ќе се обратат премиерот Мицкоски и еврокомесарката за проширување, по што ќе следи заедничка прес-конференција. 

Вториот панел ќе биде посветен на конкретните механизми и поддршка за спроведување на Планот за раст.

Посетата на еврокомесарката за проширување на земјава минатата недела ја најави Европската комисија која соопшти дека Кос доаѓа во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан за Планот за раст и дека покрај премиерот Мицкоски, на средбата ќе присуствуваат и лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора. 

TAGGED:Марта Косфото
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Карпошанец го истепал едниот, му го скршил мобилниот на вториот малолетен син
Следна статија За Филипче, извештајот на ЕП каде се говори за вековен македонски идентитет е лош

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови правила за „Мој термин“, ќе се знае точно кој каде треба да оди

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека според проценки на стручни медицински…

June 30, 2025
Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата

Тројца пациенти повредени во дискотеката во Кочани сè уште се надвор од…

June 29, 2025

Поскапуваат патарините во Србија

Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура…

June 30, 2025

(ФОТО) Филмско апсење на нарко-дилери во Струмица: Пресечен меѓународен канал за трговија со дрога

Пред неколку минути на улицата „Климент…

June 30, 2025

Димитриеска Кочоска: Индустријата зазема стабилен курс на раст

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска…

June 30, 2025

Сите пациенти ја добиваат потребната терапија, достапни се лековите за третман на Онкологија

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија…

June 30, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Сиљановска-Давкова: Први мај е ден кога работниците и синдикатите со право протестираат за повисоки плати и пошироки права

Денеска го славиме 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, ги славиме оние кои работат вредно, посветено и пожртвувано, како…

May 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Петрова: „Пулс“ ја платила глобата за неправилности во готовинските плаќања, запечатен бил кафе-барот на истиот сопственик

Сопственикот на дискотеката „Пулс“ ја платил глобата што била изречена за констатирани неправилности при готовинските плаќања, поради што не била…

June 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДУИ до Јаневска: УЧК е сè за Албанците, не ништо министерке

Изјавите на министерката за образование Весна Јаневска претставуваат тешка навреда за Албанците во Северна Македонија и обид да се избрише…

December 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Почната е постапка за набавка на 120 електрични автобуси

Во рамките на надзорната расправа во Собранието посветена на аерозагадувањето, премиерот Христијан Мицкоски одговараше на прашање на пратеничката Олга Лозановска…

May 26, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?