Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со канцеларoт на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц.
-Разговаравме за економијата, политичките случувања, за потребата да се вреднуваат нашите напори кон патот на ЕУ каде за влез предолго чекаме, за потребата за внесување на енергија и динамизирање на процесите, истакна тој.
Мицкоски порача дека Германија останува да биде наш активен партнер и поддржувач.