strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски: Немаме платформа против Албанците, туку платформа против партиските профитери и криминалци
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Немаме платформа против Албанците, туку платформа против партиските профитери и криминалци
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Немаме платформа против Албанците, туку платформа против партиските профитери и криминалци

Објавено November 28, 2024 13:35
strana.mk
Сподели
Сподели

ДУИ ја менува реториката во милитантна со цел да се создадат етнички тензии кога ја губи власта и затоа што нејзини членови треба да одговараат за криминал, смета премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката од ДУИ Арбана Пашоли која обвини дека Владата спроведува „платформа против Албанците“.

Како што рече, „ова не е платформа против Албанците, ова е платформа против партиските профитери и криминалци“, без разлика на нивната етничка припадност, доколку се осомничени за сторен криминал.

Мицкоски и порача на Пашоли да им пренесе на нејзините сопартијци кои, рече, требало да седат покрај неа, „дека најголем дел од нив и ним блиските се поврзани со основани сомнежи за злоупотреба и сторен криминал којшто го направиле во изминатите повеќе од 20 години активно учествувајќи во власта“.

Жалам што поради тоа што со употреба на европско знаменце, преку политички мускули донесовте измени во Кривичниот законик, па најголем дел од тие луѓе, на кои сега им се обраќам преку вас, нема да може да одговараат. Затоа вие и ги донесовте тие измени на Кривичниот законик за тие луѓе да ги заштитите да не одговараат. Сега се кријат зад превезот на создавање етничка фрикција. Ние тоа нема да го дозволиме бидејќи сме одговорна влада која се грижи за сите граѓани на целата територија на Македонија – истакна Мицкоски.

И предложи на пратеничката да праша некој од Извршниот комитет на ДУИ зошто дел од нивните роднини, за кои веќе има поднесено кривични пријави, не се во земјава и се избегани, и како „се купуваат трговски центри од голобради момчиња“ во центарот на Скопје, исто како и „деловни објекти од стотици квадратни метри од роднини на високи функционери на ДУИ“ кои, рече, и со помош на алхемија не можеле ни приближно да стекнат такво богатство. Ја покани пратеничката да прошетаат за да ги видат „хациендите во кои живеат луѓе кои се дел од структурите на ДУИ, ним блиски и нивни роднини“, и нивната имотна состојба да ја споредат со она што го поседувале пред 20 години.

Наеднаш кога не сме на власт, кога не можеме да играме фудбалчиња по канцеларии и не можеме да ги злоупотребуваме и користиме ресурсите кои ги плаќаат граѓаните, кога не можеме да живееме на товар на буџетот, тогаш веќе преминуваме на реторика која е милитантна и има цел да создаде фрикција, етнички тензии, бидејќи сте немоќни на друг начин да привлечете луѓе кои ќе ви се приклучат. Зашто Албанците се многу паметни во нашата Македонија и тие знаат што правевте изминатите 20 години и ги гледаат белите дворци што се изградија преку ноќ – рече Мицкоски со порака до ДУИ да се реорганизира, реструктурира и да направат нова платформа.

За обвинувањето од пратеничката Пашоли дека со иницијативата за преразгледување на Законот за употреба на јазиците во Уставниот суд се оспорува албанскиот јазик, премиерот одговори дека тие се судиите предложени токму од нејзината партија и дека се „истите обвинители и судии“ кои од разни причини и оправдувања не потпишуваат налог за претрес или приведување на осомничени за криминал.

Истите тие се денес во Уставниот суд кои вие ги гласавте и вие ги предлагавте. Не јас, не ВМРО-ДПМНЕ, вие заедно со вашите коалициски партнери од СДСМ и останатите политички партии кои го формираа тоа мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ беше против. Ваму сте моќни – овие преку ноќ да добијат анксиозност, дијареја и повишена температура и да не можат да потпишат налог за претрес, приведување за осомничени за сторен криминал и сега сакате да кажете дека ние, од владината коалиција, можеме нешто да направиме. Не, тезата ви е погрешна – рече Мицкоски.

Пратеничката Пашоли реплицираше дека е разочарана од одговорот на премиерот и смета дека ја злоупотребил собраниската говорница зашто само две минути посветил да одговори на нејзиното прашање кое, рече, е многу важно за Албанците.

Не кажавте јасно и гласно дека не сте против употребата на албанскиот јазик… Ако со дела, а не со зборови, ќе ги уцените правата на Албанците, тогаш ќе ја ставите во опасност иднината на Македонија, рече пратеничката на ДУИ.

TAGGED:дуикриминалплатформапратенички прашањасобраниехристијан мицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Николоски од Собрание: Во однос на аргументи, фудбалски кажано Бугарија ja добивме со 3-0
Следна статија Aркан бил донесен за да ги создаде „Делиите“

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Овие намирници се природен извор на колаген, кој влијае на здравјето и сјајот на вашата кожа

Кога станува збор за одржување на младешка, мазна и цврста кожа, два…

August 3, 2025
Ова е храна богата со магнезиум

Повеќето луѓе не сфаќаат колку е важен магнезиумот за здравјето. Магнезиумот е…

August 2, 2025

Падна авион кај Мајорка: Се трага по екс воен пилот на САД и неговиот син

Поранешен воен пилот и неговиот син…

August 3, 2025

Обвинителство: Раста „дувал“ марихуана на стадионот во Охри

Обвинителството излезе со изјава за апсењето…

August 3, 2025

Избегнувајте ги овие намирници во текот на летото – Гастроентеролог откри дека се ризични за вашето здравје

За да избегнете здравствени ризици за…

August 3, 2025

(ВИДЕО) Вулканска ерупција на Камчатка за прв пат по повеќе од 500 години

Вулкан на далечниот исток на Русија…

August 3, 2025

РАЗНО

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Кандидатот за градоначалник за Скопје ќе се знае во јули, а со ЗНАМ се преговара

Претседателот на Владата и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски не открива сè уште кој ќе биде кандидат за градоначалник…

June 19, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити до Таравари: Не се враќате кај народот, се враќате на црната листа

После официјализацијата на повлекувањето од Влада од страна на Алијанса за Албанците крилото на Таравари, се огласи Изет Меџити. По…

May 13, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче најави дека СДСМ следната недела ќе соопшти имиња на дел од кандидатите за градоначалници

 Во текот на следната недела СДСМ ќе објави дел од имињата на кандидатите за градоначалници од оваа партија за локалните…

June 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ќе информира за договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ќе информира за постигнатата согласност со британскиот премиер Кир Стармер за договор…

May 17, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?