Потврдена нова инвестиција во индустриската зона во Штип.
Премиерот Христијан Мицкоски по денешниот работен состанок во УЈП истакна дека се работи за фабрика од земја од Европската Унија, каде ќе се вработат до 150 луѓе.
-Фабрика која ќе инвестира околу 35 милиони евра, која во својот пик, за три години од сега ќе извезува 300 милиони евра кои ќе влезат во БДП, и ќе произведува батерии, посочи Мицкоски.
Тој додаде дека имаат потврди и за други инвестиции кои во наредниот период ќе ги објавуваат.