Премиерот Христијан Мицкоски денес е на самитот “Украина-Југоисточна Европа” во Дубровник, Република Хрватска.
Тој на својот Фејсбук профил објави фотографии од средбите кои ги остварил и напиша:
Поддршка за Украина и напорите за постигнувањето на траен мир. Регионот обединет во заедничката цел“.
Самитот го отвори хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а излагање ќе има и претседателот на Украина, Володомир Зеленски.
На самитот се претставници од 12 држави од регионот, а во состав на македонската делегација, покрај премиерот Мицкоски, е и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.