Посетата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) беше исклучителна успешна и македонската делегација беше пречекана на високо ниво во Абу Даби. Посетата и разговорот со претседателот и главниот емир на ОАЕ наместо дваесет минути траела 75 до 80 минути, а на која се разменети мислења за геополитички теми, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски кој одговараше на пратеничките прашања на Бети Стаменкоска-Трајкоска, а кои се однесуваа за оваа посета, можноста за странски инвестиции, како и дали ќе има зголемување на платите и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
– Ќе има многу убави вести од оваа посета. Јас очекував дека ќе се случат денес, тие убави вести. Но, еве поради некои детали кои треба да се усогласат, очекувам првата убава вест да ја објавиме уште утре, којашто ќе биде административно- политичка, а останатите убави вести коишто ќе бидат економски очекувам да се случат кон крајот на годината, откако ќе имаме возвратна посета од страна на многу влијателни луѓе во бизнис светот во ОАЕ, рече Мицкоски.
Тој истакна дека македонската делегација, која била предводена од него имала и средби и со претставници на Стопанската комора во Дубаи, а со кои разговарале за четири области, туризам, енергетика, градежништво и инфраструктурата. Мицкоски вели дека се разговарало и за враќање на авионската линија Скопје-Дубаи од оваа есен.
-Мене што она особено ми претставува задоволство е што од оваа есен повторно се враќа редовната линија, којашто ќе ги поврзува Скопје со Дубаи и операторот „Флај Дубаи“ веќе потпиша договор со министерството за транспорт и врски и е нешто што ќе биде одлично за македонските граѓани, а сега веќе преговараме за дополнителна линија и сега дали таа ќе биде повторно Дубаи и Абу Даби- Охрид. Дали тоа тоа ќе биде преку „Емерит“ или „Арабија“ се уште се преговара, разговара и јас би бил исклучително задоволен да објавиме уште една дестинација, рече Мицкоски.
Додаде дека македонската делегација имала и средби со големи компании, со кои е разговарано за инвестиции во градежништвото, потоа за ски центарот Попова Шапка, како и во делот на енергетиката за изградба на централите Чебрене и Галиште.
Што се однесува за пратеничкото прашање на Стаменкоска-Трајкоска за животниот стандард и за зголемување на платите, Мицкоски одговори дека платите се зголемени за речиси 10 отсто или 9,6 отсто какошто покажуваат податоците на статистика, а од 1 мај најави дека на терен ќе излезат и инспекторите од Државниот пазар инспекторат со цел да не се случат повторно енормно зголемување на цените на прехранбените производи, а очекува да имаат и поголема свест и самите трговци и супер маркети.
Што се однесува за зголемување на платите во сферата во образование, здравството, како и во Министерството за внатрешни работи, ова ветување веќе се реализира и варботените во овие сектори веќе имаат повисоки плати за разлика од лани.