strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски предложи електронски попис идната година, но го услови со прифаќање веднаш на една изборна единица
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски предложи електронски попис идната година, но го услови со прифаќање веднаш на една изборна единица
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски предложи електронски попис идната година, но го услови со прифаќање веднаш на една изборна единица

Објавено June 26, 2025 22:23
strana.mk
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на собраниската седница посветена на пратенички прашања предложи идната година да се спроведе вонреден електронски попис на населението, но го услови тоа со прифаќање на една изборна единица „веднаш“.

Мицкоски, ова го кажа во одговор на пратеничкото прашање на пратеникот Халил Снопче од редовите на Алијансата на Албанците, кој праша дали Владата има намера да ја промени одлуката за бројот на советници во општините по вчерашната одлука на Уставниот суд за спроведување на пописот во 2021 година.

Уставниот суд на вчерашната седница укина некои одредби од методологијата за спроведување на Пописот на населението во 2021 година. Уставниот суд оцени дека директорот на Државниот завод за статистика ги пречекорил своите надлежности и со подзаконски акт извршил категоризација на резидентно и нерезидентно население за што немал законско овластување, рече Снопче.

Според него, следствено на ова, одлуката на Владата за намалување на бројот на советниците во општините е невалидна.

Дали на следната седница на Владата ќе ја поништите претходната одлука и да се врати претходната одлука за бројот на советници. Логички, не може да се отстранат нерезидентите бидејќи нивната одлука има директно влијание во изборот и бројот на советниците, праша Снопче. Тој, исто така, посочи дека претходно пред пет месеци има поднесено барање за автентично толкување за оваа владина одлука, но досега немал добиено никаков одговор.

Во одговор на прашањето, премиерот Мицкоски нагласи дека кај нерезидентното население во последниот попис немало адреса, туку било класифицирано како нерезидентно население. Тој посочи и дека разликите во бројот на население кај општините меѓу двата пописа, последниот и претходниот, биле големи, при што го наведе примерот на Општина Гостивар, од каде што е пратеникот Снопче, каде што од 85 илјади бројот на жители бил намален на 59 илјади население кое што е резидентно. Во тие 59 илјади имало и неколку илјади кои што не се изјасниле што се, односно одбиле да се попишат.

Често зборувам дека дијаспората е нераскинлив дел од унитарниот карактер на Македонија како држава и затоа ве молам како политичка партија да поддржите една изборна единица во која што ќе овозможите дијаспората да гласа, рече Мицкоски.

Тој потенцира дека Уставниот суд не може да биде законодавец и не е тој кој што кажува како треба да се работи, туку се произнесува по законски решенија.

Но, не може да наметне. Тоа сте вие пратениците и во одреден дел, Владата. Уставниот суд вели не може да има графа нерезидентно и графа резидентно население, за што ние зборувавме уште во време на пописот, дека тоа не го препознава Евростат. Исто како што молевме немојте да го правите ова со Францускиот предлог, рече Мицкоски.

Тој притоа предложи идната 2026 година да се спроведе вонреден електронски попис.

Ви гарантирам дека со вкрстување на базите 90 отсто од населението ќе го попишеме преку електронскиот попис, а само отприлика 10 проценти ќе треба теренски, рече Мицкоски, додавајќи дека е подготвен како претседател на Владата таквиот попис да се направи веќе идната година и за тоа да се предвидат средства во Буџетот.

Во коментар на ваквиот одговор на Мицкоски, пратеникот Снопче рече дека за да гласа дијаспората не е потребна една изборна единица, туку политичка волја на партиите.

Уставниот суд на денешната седница укина делови од методологијата за Попис на населението од 2021 година, а кои се однесуваат на категориите „резидентно“ и “нерезиденто“ население кои беа воведени при последното пребројување на населението во државава.

Во предметот У.бр.251/2025 кој опфаќа одредби од спроведената Методологија за пописот од 2021 година информираме дека Уставниот суд со мнозинство гласови ги укина: Дел II ‘Општ дел’ точка 5 потточка 1 во делот ‘Вкупно резидентно население“ го сочинуваат следните лица – единици на Попис’ и потточка 2 во делот ‘Вкупно нерезидентно население’ го сочинуваат следните лица – единици на Попис’ од Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година, се наведува во соопштението од Уставен.

Судиите на Уставниот суд, одлучувајчи по иницијативата поднесена од пратеникот на опозициската коалиција „Европски фронт“ Скендер Реџепи, оцениле дека ваквата категоризација не е во согласност со темелните вредности на македонскиот уставен поредок-владеењето на правото и уставната обврска сите прописи да се усогласат со законите и Уставот.

TAGGED:една изборна единицаелектронски пописхриистијан мицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Намирници кои го забрзуваат согорувањето на мастите и помагаат во слабеење
Следна статија Вработена во Ургентен центар нападната од колега

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат

Државниот секретар во Министерството за здравство,…

August 5, 2025

Вечното дерби во петок на Градски, еве колку се картите за Вардар-Пелистер

Раководството на освојувачот на фудбалскиот Куп…

August 4, 2025

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е…

August 4, 2025

Овие три хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа за време на сезоната на лавот

Во сезоната кога сонцето е во…

August 4, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Велешка „Питијада 2024“ е настан кој ја прославува богатата култура и гастрономија

Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави дека присуствувал на Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2024“ кој…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

Предлог-измените на Законот за возила со кои се очекува да се олесни процесот на регистрирање на возилата денеска го поминаа…

July 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Извлечени неколку лица кои беа заглавени во Лазарополе

Седумте лица заглавени во Лазарополе од вчера, денеска во 13:15 часот, беа извлечени и истите се упатени кон своите домови.…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски поканет на инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски е еден од ретките европски лидери кои добиле покана за присуство на инаугурацијата на Доналд Трамп…

January 2, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?