strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски пред Стопанската комора на Германија ги презентираше плановите за инвестиции во енергетиката и инфраструктурата
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски пред Стопанската комора на Германија ги презентираше плановите за инвестиции во енергетиката и инфраструктурата
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски пред Стопанската комора на Германија ги презентираше плановите за инвестиции во енергетиката и инфраструктурата

Објавено October 15, 2024 14:47
strana.mk
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска имаше излагање во Стопанската комора на Германија (OA-Ost-Ausschuss der Deutschen Wirtschaft) каде  ги презентираше економските планови и плановите за инвестиции во енергетиката и инфраструктурата и можностите за соработка и инвестиции на германските компании кои веќе се присутни на македонскиот пазар.

Освен веќе присутните компании на домашниот пазар во државата, интерес да  инвестираат кај нас пројавија и нови странски компании, премиерот најави дека многу скоро денеска ќе се отворат преговорите за можно нивно инвестирање, соопшти владината прес-служба.

– Можам да кажам дека имавме многу отворен, искрен и продуктивен состанок со претставниците на германската Стопанска комора делот којшто е одговорен за инвестиции во источна и југоисточна Европа. Голем дел од компаниите коишто беа присутни на овој состанок се веќе присутни со свои производни погони кај нас. Имаше и такви компании коишто недвосмислено изразија желба да инвестираат кај нас да бидат присутни на македонскиот пазар. Нормално разменивме детали за понатамошен контакт и мислам дека многу скоро денеска ќе бидеме посетени ќе ги отвориме преговорите за можно нивно инвестирање. Наша цел како Влада уште од самиот почеток беше подобрување на инвестициската клима и зголемување на инвестициската активност на компаниите, не само домашните и странските исто така. Мислам дека ова во Германија е исклучителна доволна можност имајќи предвид дека нашата трговска размена надминува повеќе од пет милијарди евра, илјадници наши граѓани работат во компаниите каде што се сопственици германски инвеститори и ние како Влада имаме и обврска, но и одговорност да продолжиме со промоција во најголемата би рекол европска економска сила. Промоција на инвестициските можности и капацитети. Денеска тоа го направивме во неколку области како што се услугите, туризмот, енергетиката, производството итн. и мислам дека имавме исклучително позитивен состанок и мислам дека по овој состанок да бидам попрецизен, сигурен сум ќе имаме уште неколку нови инвеститори во периодот којшто следи, изјави премиерот Мицкоски.

Задоволство од целите на македонската Влада која е насочена во зголемување на инвестициските активности на странските компании на македонскиот пазар изрази и Мајкл Хармс кој посочи дека дискусијата била ефикасна.

– Јас морам да кажам дека дискусијата беше многу ефикасна и надежна, за тоа имавме деклариран впечаток, бидејќи премиерот изјави дека оваа Влада е навистина бизнис ориентирана. Разговаравме за прашања поврзани особено со енергетиката и инфраструктурата, како и за фармацевтските производи и дигитализацијата, изјави Хармс.

Од макеоднска страна е истакнато дека приоритет на Владата е економско стабилизирање на државата и пријателски однос со бизнис заедниците, да се отворат што повеќе работни места, да им се помогне на македонските граѓани да имаат добро платено работно место и подобар стандард со цел да останат дома, наместо да се селат надвор.

TAGGED:германијамицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Рама: Македонија беше понижена, тажен сум што нашите браќа не почнаа преговори
Следна статија Сијарто: Само изговор им е дека консензусот е пречка за проширувањето

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Скачать мобильное приложение 1xbet: интеграция с аналитическими инструментами

Скачать мобильное приложение 1xbet: интеграция с…

March 1, 2026

Прогласени најлошите авиокомпании во светот

Сите сме поминале часови мерејќи ги…

February 28, 2026

Сузан Сарандон вели дека холивудските улоги престанале откако „проговорила за Газа“

Добитничката на Оскар, актерката Сузан Сарандон,…

February 28, 2026

(ВИДЕО) Драматично во Дубаи: Аеродромите се затворени, заглавени илјадници патници

Најголемите аеродромски центри во Обединетите Арапски…

February 28, 2026

РАЗНО

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Сакам да слушнам јасен став од Таравари дали има договор со ДУИ

Премиерот Христијан Мицкоски, најави дека утре ќе има средба со Арбен Таравари за идното функционирање на владата. Тој рече дека…

May 4, 2025
НАСЛОВНИПОЛИТИКА

Мицкоски: Најпрво потврда на коалицијата, потоа кандидати за градоначалници на Центар и Куманово

Прво ќе ја потврдиме внатрешната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со политичките партии, а потоа ќе продолжат разговорите и со коалициските владини…

July 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Наследивме катастрофална состојба со субвенциите, но веќе се консолидиравме и повеќе нема да има каснење како порано

Што се однесува до тој дел од општеството катастрофална и алармантна беше состојбата, но се консолидира. Не велам дека е…

November 30, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Владата го усвои договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Владата  денеска на седница го прифати договорот со британската Влада за стратешко партнерство и го овласти вицепремиетрот и министер за…

May 20, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?