Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски имаше свое обраќање во Атлантскиот совет во Вашингтон каде што говореше за иднината на трансатлантските односи и Западен Балкан, осврнувајќи се на односите со Грција, посебно со Бугарија и членствоto во ЕУ, за улогата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур како гарант на човековите права и владеењето на правото, нагласувајќи дека нашата држава ги почитува сите негови пресуди.
-Ова е нешто опипливо и наш најголем приоритет: борба против криминалците и политичарите вмешани во корупција.
Кога луѓето ме прашуваат: Што правите? Што можете да кажете за ова? Што точно правите во моментов? – мојот одговор е секогаш ист: ние се бориме против нив, и тоа одлучно.
Имаме одлични закони напишани на хартија, но проблемот е во нивната примена. А кој е одговорен за спроведувањето? Обвинителите и судиите. Како тие стануваат обвинители и судии? За жал, тие се назначени од оние кои самите станале политички криминалци.
Нашиот прв приоритет е да го смениме начинот на размислување на обвинителите и судиите, за да носат одлуки врз основа на законите и Уставот – а не според барањата на политичарите што ги избрале.
Постои извештај за евалуација подготвен од експерти на ЕУ кој содржи сè. Сè што треба да направиме е да го примениме, и второ, да осигураме дека самите остануваме надвор од корупција.
На пример, нашата влада е на власт речиси осум месеци, а досега нема ниту една пријава за криминал или корупција – што е реткост на Балканот. Дополнително, пред четири години ги освоивме локалните избори со убедлива победа, што беше од големо значење за нас. Нашите градоначалници сега ја водат својата четврта година од мандатот, и во целиот овој период, нема ниту една пријава за криминал или корупција против нив.
Со личен пример, испраќаме јасна порака: Стојте подалеку од криминал и корупција, рече Мицкоски ви своето обраќање.