Премиерот Христијан Мицкоски даде изјава по повед 2 Август, Денот на Републиката.
-Дозволете ми да од центарот на нашиот главен град Скопје да го честитам големиот празник Илинден. Овој ден нека нѐ потестува на жртвата која што генерациите ја оставиле за да може нашата генерација да го има ова што денеска го имаме, а тоа е слободна, независна држава Македонија, изјави Мицкоски.
Тој истакна дека нивната жртва нѐ потестува каква држава треба ние да оставиме на генерациите коишто следат после нас.
-Двжава во која што ќе имаме среќни граѓани, држава којашто ќе биде просперитетна, држава којашто ќе биде на сите без разлика на етничка припадност. Овој ден нека нѐ обединува, да се слави и нека ни е вековит денот, да го чествуваме достоинствено и напомош нека ни е Свети Илија.