strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски: Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола долгот е 5 милијарди денари
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола долгот е 5 милијарди денари
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола долгот е 5 милијарди денари

Објавено November 28, 2024 16:17
strana.mk
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на пратенички прашања рече дека состојбата која што ја наследил била алармантна, укажувајќи дека оваа Влада е единствената Влада која во процес на формирање беше нападната од опозицијата, но и од одредени здруженија и синдикални организации.

Состојбата не беше тешка, туку алармантна. И можеби оваа Влада е единствената Влада уште во процесот на формирање беше нападната од страна на денешната опозиција, но истовремено нападната и од одредени здруженија на граѓани, синдикални организации дека е против работничките права, зголемување на платите, вели тој.

Претседателот на Владата Мицкоски потенцираше дека дупката во Буџетот била огромна, посочувајќи дека само за редовна исплата на пензиите недостасувале 5 милијарди денари, но не било заборавено да се исплатат аванс на проект од речиси 300 милиони евра за проект кој што не бил започнат.

Дупката беше толку голема, злоупотребите беа такви и континуирано излегуваа на површина акумулирани долгови што тоа не загрижи и велевме сега што правиме и како ќе ја завршиме годината, имајќи во предвид дека за редовните исплати недостасуваа средства. Недисциплина, демотивирање во администрацијата, моралот беше на ниско ниво, се уште во институциите распослани кадри од претходната власт на СДСМ и ДУИ.

Само за редовна исплата на пензии, недостасуваа 5 милијарди денари во Буџетот. Точно 5 милијарди денари во Буџетот. Но, не било заборавено да бидат исплатени авансите за проектите кои што никогаш не тргнале. Еве на пример не бил заборавен да се исплати речиси 300 милиони евра за еден клучен проект, кој што требаше оваа Влада да дојде, да ги откочи сите проекти, и да може денеска тој проект да се движи и тоа се гледа на лице место. Тоа е проектот кој што ќе ги поврзува во иднина Гостивар со селото Букојчани и Прилеп со Битола, истакна тој.

Еве јас го повикувам јавниот обвинител да влезе и да види кој е подизведувач на делницата од Гостивар до Букојчани и дали тој подизведувач е сопственик на позната куќа која што цела Македонија ја знае во едно рурално место од Западна Македонија, во близина на Тетово. И дали на тој подизведувач му е одземена лиценцата поради тоа што му се урна мостот бидејќи тој „случајно“ бил подизведувач и на еден друг проект на пругата кој што е дел од коридорот 8. Му се урна мостот, истакна премиерот и го повика повторно јавниот обвинител да го истражи целиот случај доколку е подготвен.

Премиерот Мицкоски додаде дека со ребаланс на Буџетот, Владата обезбедила и 1 милијарда денари за к15 на вработените во администрацијата.

Понатаму, бидејќи сме за работничките права 1 милијарда денари недостасуваа за К15. Не ја предвиделе во Буџетот, со ребалансот ние и тие ги обезбедивме, 1 милијарда денари сега во декември ќе се исплати на вработените повеќе од 83 илјади во јавната администрација, додаде Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека претходната Влада на СДСМ и ДУИ закочила половина милијарда евра пари обезбедени од ЕИБ за комунални проекти во општините, бидејќи поголем број од градоначалниците биле од ВМРО-ДПМНЕ, укажувајќи дека сегашниот министер за животна средина Меџити го откочил овој процес бидејќи тие пари се за проекти за граѓаните.

Оваа Влада обезбеди речиси 500 милиони евра инвестиции во сите општини во цела Македонија без разлика дали градоначалникот е од ДУИ, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, независен, ВРЕДИ значи не се бираше. А знаете што правела претходната Влада, бидејќи јас очекував за тоа да се збори кога станува збор за Министерството за животна средина, 50 милиони евра земени пари, одобрени пари од Европска инвестициска банка за проекти за комунална инфраструктура, водоводи и канализации стоеле затоа што градоначалниците најголем дел биле од опозицијата во тоа време. Е дојде сега овој министер Изет Меџити го одглави процесот без разлика што ќе има корисници од различни политички партии, тоа е за граѓаните. Пола милијарда евра за граѓаните.

Кога зборувавме за овој инвестициски бран, тогаш сите велеа дека ќе има партиска чистка, ние што велевме еве и тие кои што немаат подготвено проектна документација дадовме дополнителен рок до 15 ноември доставија и ќе добијат. Тука ќе има проекти и во Липково, и во Желино и во Тетово, Штип, Струмица, и во Струга, и во Делчево и во Пробиштип, и во Врапчиште и во Боговиње. Но, за жал се уште поедини политичари живеат во времето од пред 100 години, наместо да гледаме напред за 100 години, изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека Јавниот обвинител треба да го истражи и работењето во РЕК Битола, бидејќи како што рече таму долгот е 5 милијарди денари.

Немаше предвидено за плати во неколку јавни претпријатија и во институции. Но, бидејќи го спомнавте РЕК Битола 5 милијарди денари е долгот. И еве повторно го повикувам Јавниот обвинител ако не е анкциозен, со повисока температура, со грчеви во стомакот и цревата да влезат во компанијата и да истражат како инстант компании, јас ќе им ги дадам адресите од рурални места во Западна Македонија преку ноќ стануваат милионери, еве јас ќе им ги дадам адресите, име и презиме од сопствениците на тие компании.

TAGGED:мицкоскирек битола
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Социјалци воделе луксузен живот: Переле пари од онлајн игри на среќа, клиентите им плаќале со криптовалути
Следна статија Славески до приватните превозници: Не наседнувајте на манипулациите на Арсовска

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат

Државниот секретар во Министерството за здравство,…

August 5, 2025

Вечното дерби во петок на Градски, еве колку се картите за Вардар-Пелистер

Раководството на освојувачот на фудбалскиот Куп…

August 4, 2025

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е…

August 4, 2025

Овие три хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа за време на сезоната на лавот

Во сезоната кога сонцето е во…

August 4, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Македонија е коспонзор на американската резолуција во ОН за Украина

САД денес поднесуваат нацрт-резолуција во ОН што користи помалку критички јазик кон целосната инвазија на Русија врз Украина од нацрт-резолуцијата…

February 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Транспарент со натпис „Правда за Крешник“ поставен на автопатот Скопје – Гостивар

Транспарент на кој пишува „Правда за Крешник“ е испишан на македонски и албански јазик. Тој е поставен на надвозник на…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР ќе проверува 500 функционери за потенцијални прекршоци

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ги провери информациите за 500 функционери за кои постојат индиции…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Бронзен медал за Македонија на Европската олимпијада по информатика за девојки која се одржува во Бон

Македонските ученички – информатичарки трета година по ред се оние коишто го најавуваат успешното учество за Македонија на меѓународните олимпијади…

July 22, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?